Три работи кои нѝ се допаднаа во Beautiful Desolation

Beautiful Desolation е изометрична авантура од развојното студио The Brotherhood, тимот кој претходно работеше на еднакво-импресивната Stasis. И покрај тоа што често наидувавме на одредени кратенки наметнати од ограничен буџет, Beautiful Desolation е феноменално креативно остварување, а она што следи се нашите три омилени работи за играта.

Богат футуристички свет низ кои се исткаени непредвидливи пресврти во приказната. Играте со Марк – човекот на кого му е опсесија огромната структура која се вика Пенроуз и има предизвикано огромна олуја во која загинува неговата вереничка. По години истражување, Марк конечно се чувствува спремен да го истражи објектот, но она што ќе најде таму само подлабоко ќе го втурне во бесознание и во далечна иднина каде правилата се значително поразлични од неговиот свет.

Едноставно не знаевме од што да бидеме повеќе импресионирани, од комплексно-напишаната приказна или од впечатливите околини инспирирани од Африка. Нѝ се допадна и тоа што низ одредени разговори бираме што да кажеме и, во зависност од тоа, добиваме соодветни реакции од соговорникот. Ова, во комбинација со изометричката камера лесно ве принудува да помислите дека играте класична RPG игра, особено кога ќе почнете да се движите низ најразлични села, разрушени градови, или мистериозни шуми кои кријат впечатливи ликови.

Showing the Splendor of South Africa in Beautiful Desolation

Бројни загатки кои се паметно осмислени и бараат креативно размислување при нивното решавање. Во ниеден момент не почувствуваме дека се нефер, нелогични, а, со тоа, и фрустрирачки. Секое премин од една кон друга загатка е мајсторски осмислен да понуди задоволително чувство на исполнителност и мотивација за понатамошно истражување. Помалку трпеливите играчи можеби нема да го ценат честото инсистирање да се оди од едно на друго место само за да се види да не е пропуштено собирање на некој предмет, а тука е секако и принудувањето да експериментирате со работите кои се во вашата сопственост за да видите како реагираат со околината.

Beautiful Desolation Deluxe Edition DRM-Free Download » FreeGoGPCGames

Инспиритивна музичка подлога која доаѓа од еден-и-единствениот Мик Гордон. Мик е најдобро познат по неговиот допринос во серијали како Wolfenstein, DOOM, Prey, Killer Instinct и Need for Speed. Композициите се одликуваат со релаксирачки мелодии само за да бидат заменети со вознемирувачки, длабоки акустични и електронски тонови кои како да резонираат со вашето битие. Beautiful Desolation е навистина добра игра, но музиката го издигнува искуството на сосема ново ниво и значително влијае на имерзивноста.

La aventura Beautiful Desolation prepara su lanzamiento para febrero

Начинот на кој е осмислена приказната и механиките со кои се истражува светот во Beautiful Desolation допринесува до уникатно искуство во кое навлегувате како мува на прозорците на категрала. Вашите визуелни и аудио сетила постојано се борбардирани од невообичаени, вонземни и преубави места, ликови и предмети, а чувството на длабока мистериозност никогаш не попушта. Ликовите се однесуваат како вистински, комплексно осмислени и уникатни индивидуи со различни внатрешни двигатели и во ниеден момент нема да се чувствувате дека се работи за мрзеливо пишување или лоша глума. A, она што ќе најдете тука, постојано ќе го преколнува вашето навраќање во мислите, долго време откако ќе завршите со играта.

1 коментар на “Три работи кои нѝ се допаднаа во Beautiful Desolation

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии