Три причини поради кои мора да ја заиграте The Elder Scrolls Online веднаш!

The Elder Scrolls Online станува исклучително добра ММО игра. Летово е одличен период да ѝ се навратите, особено доколку сакате да учествувате во неколку интересни промоции и да добиете животни за јавање или (бонус) предмети од висока козметичка и функционална вредност.

Doom Wolf е исклучително импозантно животно за јавање. Погледнете го само!

Го паметиме моментот кога по прв пат се беше појавило во продавницата со круни и како мислевме колку би било убаво да можевме да си го купиме. Во случај да и вие ја пропуштивте можноста од некоја причина, Zenimax ви го подарува животното за бесконечна употреба на сите ваши ликови.

Се работи за двослојна промоција која, од една страна, ја истакнува експанзијата Moons of Elsweyr за Legends, a, од друга, проширувањето Elsweyr за ММО играта. Ова се трите работи кои треба да ги земете во предвид за да го добиете маунтот.

1. До 14.јули, потребно е да се логирате во The Elder Scrolls: Legends и да победите во три партии, во кој било режим. Дали мрежна пресметка, дали соло, дали кампања, воопшто не е важно, се додека бројката на победите е еднаква или поголема од три!

2. The Elder Scrolls: Legends е бесплатна. Играјте ја преку Steam или директниот клиент на Bethesda. И-мејл адресата од Legends мора да е потполно иста со адресата од Online.

3. The Elder Scrolls: Online не е бесплатна. За да го добиете маунтот потребно е и да ја имате најновата експанзија Elsweyr. Месечна претплата воопшто не е задолжителна.

Ова не е единствената промоција за мега популарната ММО игра. Од 2 јули па до сè до 15 јули започнува The Thieves Guild and Dark Brotherhood настан каде се слават двете додатоци кои значително ги проширија механиките во играта. За време на настанот, добивате бонус награди за одредени криминални активности како во Hew’s Bane така и во Gold Coast.

Актиностите се разновидни и се движат од ставање крај на светски босови, преку чистење зандани, па сè до двојно повеќе ресурси од нодовите. Додека трае промоцијата ќе можете и двете додатоци да ги купите по цена од 800 круни. Ако една месечна претплата ви дава нешто повеќе од 1600 круни, по цена од 13 евра би можеле ем да уживате во премиум месечно искуство ем да си ги дозволите проширувањата за употреба надвор од промотивниот, односно претплатнички период. Традиционално, како и за претходните настани, така и овојпат ќе можете да собирате специјализирани билети со кои можете бесплатно да си добиете уште едно животно за јавање, овојпат, во форма на Onyx Indrik.

Целосно бесплатно животно кое се отклучува преку секојдневни грајнд сесии

И за крај, како да ова не беше доволно, се истакнува уште една промоција која се однесува за сите оние горди и дарежливи сопственици на домови. Имено, доколку подарите предмети за дом на некој друг лик ќе добиете епска и екслузивна статуа за некој од вашите домови. Нема да лажеме, изгледа апсолутно феноменално!

За да ја добиете статуата, потребно е да подарите предмети во вредност од 1000 круни. Таквата вредност од подароци треба да е поделена низ најмалку две различни индивидуални акаунти. На пример, на двајца ваши пријатели можете да подарите по еден предмет со цена од 500 круни. Промоцијата трае до 1 август.

Што планирате да искористите? Ќе се видиме ли во онлајн светот на Тамриел? За ова и многу други дискусии, придружете нѝ се во одделот со коментари!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии