Три нови iPhone телефони, iPad, Apple Watch најавени во Театарот Стив Џобс

Дејан Соколоски

во feature, Мобилни

Вообичаено во овој период од годината се најавите на новите телефони за Apple и Google. Овојпат први својата презентација ја одржа Apple. Од салата Стив Џобс дознавме повеќе за следната генерација производи на Apple.

Вообичаено овие настанати  започнуваат со кусо обраќање на Тим Кук, но овојпат овој дел беше прескокнат и веднаш започнаа презентациите на платформи и  уреди. Веројатно со оглед на должината на целиот настан ова е и повеќе од разбирливо.

Apple Arcade

Apple Arcade е една од надградбите на App Store со фокус на видеоигри. Станува збор за сервис претплата за видеоигри за мобилни уреди. Корисниците можат да ги играат сите игри на сите уреди кои ги поседуваат, iPhone, iPad и Apple TV. Платформата веќе има стотина игри, а дел од игрите се ексклузивни за оваа платформа.


Konami ја претстави Frogger, овојпат играта е понапредна од она што го помните и изгледа поинтересно од претходно. CapCom ја претстави Shinsekai: Into the Depths аркадна игра за мобилни платформи; AnnaPurna Interactive ја претстави Sayonara Wild Hearts. Трите игри и Apple Aracde доаѓаат на 19 септември, а претплатата за сите игри на платформата ќе чини 5 долари.

Apple TV+

Еден од настаните кои се помалку интересни е најавата за телевизијата на Apple. Компанијата и овојпат најави неколку ексклузивни серии, покрај веќе познатите, For All Mankind и Morning Show, Тим Кук најави и уште една нова серија серијата „See“, фантастика со Џејсон Момоа.

Без сомневање со додавање на нова содржина Apple TV е се поинтересен за потенцијалните претплатници. Првите серии и Apple tv+ доаѓаат веќе од 1 ноември, во над 130 држави. Претплатата за програмите ќе чини 5 долари месечно.

iPad

Помало изненадување е презентирањето на нов iPad. Apple ја претстави новата седма генерација на iPаd. Ова е првиот iPad кој е креиран за новиот iPad OS оперативен процесор. Таблет компјутерот доаѓа со A10 Fusion процесор, нешто послаб процесор од A10X Fuson кој компанијата го користи во Pro верзијата. Но и оваа верзија на процесорот е 2 пати побрза од просечниот лаптоп. Екранот е малку поголем па наместо досегашните 9,7-инчи, сега е 10,2-инчи. Направена е надградба и на сите камери и сензори на уредот.

Сепак станува збор за вообичаена надградба, а тоа се гледа и по презентацијата која помалку беше повторување на можностите на iPad OS.

Новиот iPad чини 330 долари и веќе е достапен во претпродажба.

Apple Watch

Фокус на презентација на овој часовник сега не беше фитнес, туку часовникот како здравствен додаток. Apple досега се фокусираше на фитнес кај часовникот, но сега се чини дека насоката е малку поинаква. Покрај индивидуалните приказни Apple овојпат раскажа и поголема приказна во која податоците од часовникот се користат во медицински истражувања.

Часовникот има нови три истражувања за кој се користат истражување на слухот, истражување на женско здравје и истражување на срцева работа. Ова се неколку области кои би можеле значително да се подобрат од куп податоци кои може да дојдат од часовникот.

Apple Watch Series 5 не е баш тајна. Најголема надградба е на оваа генерација на часовникот е постојано вклучен дисплеј, ова не беше случај со Apple Watch досега. За среќа ова не е на штета на батеријата, па според најавата и новиот часовник ќе може да работи 18 часа помеѓу полнењата. Часовникот сега има вграден компас што е една од работите кои недостасуваа.

Дел од медицинскиот фокус е овозможува користење на часовникот во случај на пад или слични повреда за барање помош. Оваа функционалност ќе биде достапна глобално.

Веројатно најважното прашање од оваа презентација е дали овие надградби се доволни да ве натераат да го замените сегашниот часовник со следната генерација. Како дополнителна мотивација можеби ќе ви послужат и новите материјали како керамика и титаниум, но веројатно тоа не би требало да биде клучно.

Часовниците се достапни во претпродажба, цената на основниот модел е 400 долари, а испораката започнува од 20 септември.

iPhone

Претставувањето на новите телефони не е никакво изненадување. Секако ова повторно е најдобриот и најквалитетен телефон. Овојпат името е помалку неинвентивно iPhone 11. Телефонот доаѓа со 6,1-инчен Liquid Retina дисплеј.

Надградба има и на камерата и овојпат со вештачка интелигенција се креира најдобрата слика. Камерата на новиот телефон е двојна и доаѓа со 2х оптички зум. Едната камера е со ултра широк агол и ова на корисникот му овозможува и сликање надвор од фрејмот, поточно деталите кои би се гледале ако се префрли на оваа камера. Токму кај камерата се чини дека е и најголемата надградба, а тоа може да се забележи и од презентацијата која во голем дел беше фокусирана на можностите на камерата. За снимање на видео камерата овозможува 4K резолуција  60-fps, „slow-mo“, „time lapse“  и „extended dynamic range“. Надградба има и на предната камера која сега е 12 MP и има можност за снимање со 4К и 60fps, но и бавно снимање.


Новиот телефон доаѓа со A13 процесор. Процесорот е најбрзиот процесор кој се користи во паметни телефон, иако ова значи дека процесорот го надмина A12. Ова значи и дека графичкиот процесор е најдобар досега, иако веројатно вистинското прашање е дали навистина ви се потребни овие перформанси од телефон и што ова значи за батеријата на телефонот. Компанијата ветува дека батеријата ќе трае 1 час подолго од батеријата на iPhone XR, иако ова речиси сигурно нема да биде случај додека играте.

iPhone 11 ќе чини 700 долари.

iPhone 11 Pro

Apple сепак претстави и уште еден луксузен модел со неинвентивно име iPhone 11 Pro.  Уредот доаѓа о две верзии со 5,8-инчен (iPhone 11 Pro) и 6,5-инчен (iPhone 11 Pro Max) OLED дисплеј. Новиот екран кој се користи во овој телефон доаѓа под името Super Retina XDR.

A13 Bionic е новиот процесор кој се користи во оваа серија. Најголемиот напредок во процесорот е во машинското учење и тука надградбата помага овие операции да се извршуваат 6 пати побрзо. Она што е подеднакво важно е дека и потребната енергија за работа е намалена во односна претходниот процесор. Потребната електрична енергија е намалена за 15 отсто, а перформансите на процесорот се подобрени за 15 отсто.


Телефонот овојпат доаѓа со тројна камера и 12 MP широко аголна камера и 12 MP ултра широко аголна и телефото камера. Комбинацијата на трите камери овозможува 4х оптички зум. DeepFusion е одговорот на Apple на можностите на Pixel на Google, и доаѓа две генерации подоцна. Камерата со помош на вештачка интелигенција креира одлична фотографија дурии во лоши услови за фотографирање. Телефонот треба да е наменет за професионалците како фотографи и сниматели, но и аматери кои сакаат најдобар уред. Според дел од презентираните можностите камерата и снимањето навистина се импресивни, иако наскоро ќе дознаеме каде е на листата на најдобри камери кај телефоните.

Цената на телефонот е 1000 долари за помалиот 1200 за поголемиот модел. Двата модели започнуваат со претпродажба во петок.

2 коментари на “Три нови iPhone телефони, iPad, Apple Watch најавени во Театарот Стив Џобс

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии