Три мали игри за голема забава #1

Бесплатна и голема забава може да се најде и во мали пакување. Кои три такви игри би требало да ги проверите неделава?

The Silent Age

Се работи за надградена верзија на класичната point and click игра сместена во 1972 година. Помогнете му на Џои да отпатува во апокалиптичната иднина, во 2012 година, и откријте ја вистината за истребувањето на луѓето. Поголемиот дел од загатките ги решавате така што ја користите вашата направа за патување низ времето и се давите во уникатниот визуелен стил. Играта тежи неполни 200MB.

Cube Escape: Paradox

Во случај да барате предизвикувачка игра, Cube Escape: Paradox нема да ве разочара. Играјќи како детектив Дејл Вандермир, се будите заробени во соба, без да се сеќавате како сте се нашле тука на прво место. Вашата мисија е да избегате така што стапувате во интеракција со бројните предмети и решавате загатки. Cube Escape: Paradox е авантура, но, во моменти кога ќе ве заморат загатките, ви дозволува и да одгледате краток филм. Играта е нешто повеќе од 50MB.

SOL 705

SOL 705 e уште една old-school авантура, со point and click механиките. Првенствено ја препорачуваме затоа што на сите ликови им се позајмуваат гласови од актери, а и графиката не е за фрлање. Сместена во 1974 година, се наоѓате во рурален град во Аргентина и потребно е да ја пронајдете причината поради која се појавуваат невообичаени светла во небото. Таквото нешто е можно само доколку станете дел од Sol 705 – клуб кој е посветен на истражување на вонземскиот феномен. Покрај PC, играта е достапна и за Mac, Linux, Android, или iOS. Играта е со тежина од 150MB.

1 коментар на “Три мали игри за голема забава #1

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии