Три iPhone 11 уреди пристигаат наесен

Apple ќе продолжи да произведува три различни телефони од иста генерација и оваа година. Компанијата лани за првпат ги претстави iPhone XS, iPhone XS Max и iPhone XR. Слично и претходната година компанија претстави iPhone 8 и iPhone 8 Max, но тогаш за прв пат беше презентиран iPhone X. За неколку месеци очекуваме да бидат претставени новите iPhone 11 уреди, и повторно може да очекуваме 3 уреди велат извори  на 9 to 5 Mac.

Најавените телефони ќе доаѓаат со истиот 2хRetina Liquid дисплеј како и телефоните од сегашната генерација, но веќе е најавена надградбата на A13 на процесорот. Дополнително, надградба е најавена и за „taptic“ енџинот на телефонот. Ова ќе биде веројатно интересно откритие со оглед на тоа дека Apple најави промени во работата на 3Д-тач технологијата. Дел од функционалностите ќе бидат заменети со iOS 13, но ова секако ќе биде откриено на претставувањето.

Најавени се 3 камери во задниот дел на телефонот. Новата камера која се приклучува на камерите кои беа присутни и досега е широко-аголна, а камерите ќе бидат групирани во квадрат поставен на задниот дел на телефонот. Надградена е и предната камера и ќе може да снима со 120 fps.

За жал иако iPad доби USB-C приклучок, iPhone и следната верзија на iPhone доаѓа со „lightning“-порта.

За среќа љубителите на iPhone, нема да мора да чекаат долго. Компанијата вообичаено своите презентации септември, а такви се најавите и за оваа година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии