Три години подоцна црногорскиот .me домен регистрираше пола мил. домени во 200 земји

IT.mk редакција

во Веб, Свет

Црногорскиот .ме домен слави три години од кога ја стартуваше отворената регистрација на топ-левел доменот. Денеска популарниот .ме домен е регистриран над 530.000 пати во 200 земја, од кои 52.92% од .ме регистрираните домени се базирани во САД, 7,68 отсто се во Велика Британија, и следат 3.8 отсто во Германија, Канада и Јапонија.

Популарноста на доменот е очигледнa. Со него се отвараат можности за сајтови како love.me, blow.me, buy.me, show.me, вкуси.ме и уште пола милион креативни имиња. Дури и основачот на GoDaddy, најголемиот интернет регистар во светот, Боб Парсонс си има свој bobparsons.me блог. Претходно .me регистарот објави информација дека и Google го регистрираше Ro.Me доменот за 3D WebGL музички експеримент. Од регистарот исто така велат дека .me доменот станува популарен со мобилните апликации, како klip.me, blip.me, sonar.me.

Инаку Црна Гора имаше среќа да го добие овој домен откако прогласи независност, го отфрли cg.yu доменот, додека алтернативите .mn, .mо, .mt, .mg за Montenegro и .cg за Црна Гора беа зафатени од Монголија, Макау, Малта, Мадагаскар, односно Република Конго.

(via MKHost)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии