Три чекори за криење на вашите омилени страни во Chrome

Bookmarks, односно листа со страни кои често ги посетувате, знаат значително да ги забрзаат нашите прелистувачки навики, но можеби се наоѓате во ситуација каде не сакате останатите корисници на компјутерот да ги знаат вашите омилени страни. Во таква ситуација, потребно е да ги употребите неколку корисни тактики.

За помалку вештите и љубопитни лица, можеби е доволно само да ја отстраните лентата со омилени работи, која се наоѓа веднаш под полето за внесување веб адреси. Таквто нешто е изводливо така што кликнувате на мени копчето на Chrome (трите точки во горниот десен агол), застанувате со стрелката на Bookmarks и кликнувате на Show bookmarks bar.

Вториот чекор би можел да биде да ги сокриете омилените страни во фолдери кои не би требало да привлечат големо внимание. Од истото мени Bookmarks изберете Bookmark manager и вметнете фолдери со десен клик на празен простор и блиску до веќе-постоечки фолдер. Од тука, можете и да го менувате или избришете името на страната за да биде само иконата видлива.

Третиот чекор е драстичен, но и значително побезбеден, а се состои во отстранување на вашите страни од самиот прелистувач. Преку Bookmarks manager кликнете на Organize и изберете Export bookmarks. Сочувајте ги омилените страни на некое безбедно, но лесно достапно место (за вас). Нареден пат кога сурфате, отворете го прелистувачот и фатете и пуштете го фајлот врз него за да добиете пристап до целата листа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии