Три корисни апликации за вашиот телефон

Имате слободно време и барате проширување на моментните можности на вашиот Android телефон? Ова се три апликации кои би можеле да ги инсталирате!

Easy DND

Кога не сакате да бидете вознемирувани, вашиот Android телефон се одликува со опцијаta DND, или Do not Disturb (не вознемирувај). Иако алатката која доаѓа со самиот телефон има одредени напредни функции, премногу е сериозна. Ѝ фалат бои, шмек, и wow ефекти. Easy DND го нуди сево ова и многу повеќе, особено во поглед на функционалноста. Преку живописен интерфејс и тони можности за уредување, можете да местите да „поминуваат“ само повици кои ви се приоритет, само пораки, само аларми и ред други претходно-дефинирани само работи. Апликацијата, меѓутоа, е релативно нова и сѐ уште е во бета фаза на тестирање, но, и покрај тоа, успее да го привлече вниманието на неколку видни сајтови.

Google Podcasts

Подкастите се феноменален медиум за одржување и проширување на вашите едукативни и информативни погледи кон светот. Особено во автобус. Една од најдобрите алатки кои мајсторски го обединуваа светот на подкастите (во, или надвор од автобус) нѝ доаѓа од Google. Google Podcasts го листа најдоброто од подкастите, нивно преземање, како и непречена синхронизација за продолжување од некоја друга направа. Имаме пробано многу слични апликации. Google Podcasts се чини како една од поквалитетните.

Dumb Ways to Draw

Нема ништо поубаво од цртање. Особено кога не ве бива, па вашите продукти се интересен предмет за играње мајтап. Dumb Ways to Draw нема да направи уметник од вас, нема дури ни да ви дозволи да цртате нешто повеќе од прославени криви линии, но ќе проба да ве замисли со интересни загатки каде создавате безбедни платформи и да ги водите симпатичните грашкасти човечиња. Dumb Ways to Draw е бесплатна игра чии неизбежни порази пружаат вознемирувачко чувство на еуфорија и желба за уште само еден обид.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии