Три апликации за поздрав живот

Во денешно време, за повеќето е исклучително тешко да се биде физички активен. Стимулирани со бројни предности или пренатрупани со работни обврски, трката со времето знае да нѐ оддалечи од грижата за нашето тело. Но, три апликации ќе пробаат правилно да ве охрабрат и, со малку среќа, да ве мотивираат да промените нешто во тој поглед.

GoogleFit – Android

GoogleFit е апликација која следи колку чекорите секој ден и ви го прикажува резултатот во графикон. Можете да местите цели и да бидете известени секој пат кога ќе ги остварите, како и да добивате поени или совети за полесно справување со одредени предизвици. Сево ова знае да влијае мотивирачки и да ве исполни со чувство на достигнување. Апликацијата импресионира со едноставниот дизајн и корисните дневни извештаи.

Argus Calorie Counter – Android или iOS

Argus Calorie Counter е сеопфатна апликација за фитнес. Oваа апликација не мери само чекори, туку и течностите кои ги внесувате, циклусите на спиење, крвниот притисок, па дури и читач на баркодови кој скенира храна и ве известува за внесот на калориите. Сите податоци се уредно сервираат во графикони и се нудат и планови за вежби кои можете да ги правите. Програмот не е целосно бесплатен и одредени работи бараат запознавање со вашиот паричник.

Map My Walk – Android или iOS

Map My Walk автоматски го следи вашето движење и го одбележува на мапа, што знае да биде доста информативно доколку често пешачите и сакате да имате повизуелна и подетална претстава за прошетките. Можете вашите пешачки рутини да ги сочувате, или да ги споделите со другите корисници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии