Ви препорачуваме три алтернативи кои се подобри од Google Reader

Откако Google најави дека од 1 јули нивниот RSS читач ќе замине во историја, настана голема битка помеѓу останатите такви сервиси за да ги добијат нивните корисници. Изгледа дека најголема корист од тоа извлече Feedly, чија бројка на корисници за два дена скокна за повеќе од 500.000. Токму затоа, како прв на листата на алтернативи за Google Reader се најде и Feedly.

Feedly е еден од посовремените и од најдобриот избор после оваа чистење на Google, иако истиот беше доста користен и пред најавата од Google дека ќе го исклучат Reader. Сервисот овозможува брзо споделување на друштвените мрежи, преку елегантен интерфејс преку кој можете да ја следите содржината на вашите извори, а доколку сте на страницата на одреден извор ќе добиете и препораки за слични такви сајтови.

Feedly нуди и зачувување на вестите за подоцнежно читање. Постојат неколку темплејти на кои може да ги прикажува вестите, а во моментот е достапна и синхронизација со Google Reader.

Pulse е сервис кој користи сопствен алгоритам за пребарување на содржина, а пред скоро време беше купен од LinkedIn. Pulse е одличен, едноставен за користење и прегледен. На самиот почеток ќе ви прикаже категории кои можете да ги организирате по вашите потреби, а достапен е и на iOS и Android.

Можете да зачувувате статии кои би сакале да ги прочитате подоцна, да ги споделувате со вашите пријатели на друштвените мрежи, филтрирате по категорија и дури да продолжите од таму каде што сте стигнале преку некој од вашите уреди.

NewsBlur е некако најблиску до дизајнот на Google Reader, но има неколку дополнителни работи кои го подобруваат читањето и е полесно за очи. Можете да изберете како сакате да ја прегледате содржината, дали како што е прикажана на оригиналниот сајт или во читачот на NewsBlur. Или пак само да го гледате текстот, без фотографиите.

Можете да споделувате статии со вашите пријатели, зачувате за читање, да ги означите како омилени и слично. Доколку сакате да бидете во тек со новостите додека се движете, тука се iPhone, iPad и Android апликациите. Бесплатните кориснички сметки може да се претплатат на 64 блогови, 10 статии во исто време и опции за јавно споделување.

Доколку вие имате да предложите некоја алтернатива, слободно споделете ја во коментарите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии