Третиот виртуелен оператор Lycamobile под истрага за перење пари во Франција

Британскиот оператор Lycamobile, кој влезе во Македонија како виртуелен оператор како еден од условите за спојувањето меѓу One и Vip, е под истрага за затајување на данок и перење на пари во Франција. Скандалот тежи неколку милиони долари и веќе 19 вработени се приведени, јави Нова ТВ, повикувајќи се на француските медиуми.

Не може да знаеме дали истрагата ќе биде пречка Lycamobile да оперира во Македонија, иако нивниот успех како виртуелен оператор и претходно го стававме под знак прашалник. Македонскиот пазар е премал за виртуелен оператор, и one.Vip и Telekom доминираат со портфолио на услуги. Веќе два обида на виртуелни оператори во Македонија, обид од WTI кој не стартуваше воопшто, и обид од Albafone кои го промашија маркетингот и издржаа само неколку месеци. Но, за Lycamobile може да биде проблем што скандалот е огромен и еден од приведените е генералниот менаџер на компанијата, Алаин Кочимек. Г. Кочимек ги отфрлил обвинувањата на полицијата, но засега нема официјална изјава од компанијата.

Компанијата се терети дека три различни курири во служба на операторот два пати во текот на денот оставале торби со стотици илјади евра во различни пошти во Лондон, тврди BuzzFeed News. Потоа овие средства се префрлани на повеќе сметки на офшор компании. Полицијата од седиштето на компанијата во Париз заплени над 1 милион евра, но ги сомничи и за незаконски трансакции од 17 милиони евра. Сомневањата се дека конечната сума е многу повисока отколку што во моментот можат да докажат.

Скандалот ќе предизвика и политичка реакција во Британија, со оглед на тоа дека операторот е најголемиот донатор на Конзервативната партија. Донациите до партијата на премиерот на Британија, Дејвид Камерон, се со висина од 2,2 милиони фунти. Lycamobile е под истрага и за соработка со режимот во Шри Ланка и помош при префрлање на средства од соработниците на поранешниот претседател Махинда Рајапакса.

Македонија е 21 држава во која влегува Lycamobile, и веќе имаат дозволи за 175.000 нови броеви. Операторот ветува 35 отсто пониска цена за услугите, според АЕК.

2 коментари на “Третиот виртуелен оператор Lycamobile под истрага за перење пари во Франција

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии