Третина од интернет корисниците се параноични за безбедност, вели Avira

Аvira праша 3.325 испитаници „Каде мислат дека се крие најголемата опасност од малициозен софтвер?“ на што:

  • 12.59 отсто одговориле дека игрите преку прелистувач се опасни
  • 22 отсто веруваат дека порно сајтовите се посебно опасни
  • 26.69 отсто велат дека пиратските, warez сајтови се многу опасни
  • 4.14 отсто велат дека големите портали се опасни бидејќи се популарни
  • 34.5 отсто велат дека кога се работи за безбедност, сите веб сајтови се еднакво небезбедни

Спроед Сорин Мустака, експерт од Avira, добро е да се знае дека една третина се свесни дека опасноста од малициозен софтвер може да се појави од секаде, но и дека е лошо да не се верува на сајтовите.

„Ова е општ приказ на нашето општество кога 1 од 3 луѓе не можат да веруваат на ниту еден од сајтовите кои ги посетуваат.“ вели тој.

Страв и паранојата е предизвик не само на корисниците да кликнат и истражат некој сервис, сајт… туку и за самите креатори на тој сервис и сајт за да го убедат корисникот дека нивниот сајт е безбеден. Поентата тука е пред се за сервиси кои користат мејлови, онлајн продавници и плаќање преку кредитни картички…

1 коментар на “Третина од интернет корисниците се параноични за безбедност, вели Avira

  1. Ако гледаме така на денешницава нема ништо што е 101% безбедно. Прво и основно самиот google при нашето "лутање" по интернетот прибира разни информации за нас… кај сме биле, колку сме застанале, што не интересирало… и ред други информации. Како втора работа е torrent (како еден од најкористените P2P софтвери… тука се и другите вакви софтвери).
    За истражувањето на Avira ок, но па и тие не се оние коишто го имаат и го нудат најдобриот антивирус. Затоа се надевам дека ова нивно истражување ќе им помогне да развијат далеку подобар антивирус од претходните (барем да ја нема онаа банална грешка за оној милтиплицирачки вирус :D ).

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии