Трета среќа? Виртуелниот оператор Lycamobile доаѓа во Македонија

Британскиот оператор Lycamobile ќе биде трет виртуелен оператор кој ќе се обиде да се натпреварува во Македонија. Пред него имавме неуспешни обиди на WTI и Албафон, а по него веќе имаме два огромни оператори Telekom и one.Vip кои имаат сериозна контрола врз локалниот пазар. Компанијата влегува на македонскиот пазар по спојувањето на One и Vip, можеби бидејќи двете компании беа условени од регулаторите да пронајдат трет оператор за да се официјализира спојувањето.

Но, можеби Lycamobile ќе биде повешт како виртуелен оператор бидејќи Македонија е 21 држава во која влегува, а компанијата веќе има 15 милиони корисници. Таа е најголем виртуелен мобилен оператор во светот, а освен кај нас операторот е присутен и во Австралија, Австрија, Белгија, Данска, Франција, Германија, Ирска, Италија, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Хонгконг, САД, Тунис и Велика Британија. „Lycamobile наскоро доаѓа во Македонија, а заедно со нас и ниските цени за национални и меѓународни разговори. Lycamоbile ќе ја поврзе македонската заедница од целиот свет“, вели компанијата во првото соопштение.

Виртуелните оператори не се прославија во Македонија. Најпрво WTI го најави својот влез, но компанијата се повлече од пазарот пред да го приклучи првиот корисник. Потоа се обиде и Albafon кој не успеа да привлече доволно албански корисници, иако планот беше токму тие да бидат главна, а се чини и единствена целна група.

3 коментари на “Трета среќа? Виртуелниот оператор Lycamobile доаѓа во Македонија

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии