TreeNoote е интересна нова алтернатива на Evernote

Што имаат заедничко Evernote, OneNote и Google Keep? Сите три алатки се повеќе од одлични за земање и правење најразлични дигитални белешки. Како Дартањан, TreeNoote им се приклучува на трите мускетари и ветува минималистички интерфејс, но напредни можности за снимање на вашите мисли, префрлување содржини од веб страни, како и вметнува линкови и слики.

TreeNoote се испорачува во пренослива форма, а белешките кои ги правите можат да бидат сочувани во компјутерот, USB стикче, или на некој сервис за складирање податоци. Како безбедносна мерка, сите забелешки можете да ги заштитите и со лозинка. Што се однесува до нивното пребарување, имате на располагање напреден пребарувач, кој го скенира низ целиот текст.

TreeNoote егзистира во Windows околина, но планирани се верзии и за macOS, Linux, како и Android, односно iOS.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии