TraWell на Codewell сега ве шета и низ Охрид

TraWell, водичот со проширена реалност на македонскиот стартап Codewell, доби нова верзија со која ве шета низ Охрид. Како и претходната верзија за Скопје, и оваа верзија е достапна за Android телефоните и таблет компјутери, но сè уште се чека на верзии за iOS.

Водичот за Охрид чини околу 5 долари на Google Play, и содржи галерии, мапи до популарни културолошки локалитети, како споменици, цркви, манастири итн, и има опција за оценување и коментирање на баровите, рестораните и останатите локации. Исто така, корисниците имаат можност да споделат е-картичка со пријателите преку друштвените мрежи и имејл.

Како што разговаравме претходно со Мартин Анчевски и Нино Карас, двајцата основачи на CodeWell, стартап со поддршка од ПСМ инкубатор, апликацијата ги таргетира странските туристи со цел да им помогне да ги откријат бројните локации во двата популарни градови во Македонија. CodeWell имаат и други апликации, од кои најпозната е Автобуско.

[youtube]nAp6wVpxdAg[/youtube]

18 коментари на “TraWell на Codewell сега ве шета и низ Охрид

    1. Види девојкава нема тотално english акцент точно, ама не ми е јасно од кај надеш ти да хејташ кога ти незнаеш македонски да збориш т.е. "збораш" :)

      1. Плус тоа од кога бе ХЕЈТАААШШШШ е вметнат во македонската литература бе а а а? Репер некој да не си? хејтаашшшш, што е следно дисувашшш мадафака а?

        И сега ако реши да се фатиш за сламка, во првата реченица граматиката ти вришти.. трипла негатива

      1. не хејтам, зборам реално.

        а такви „надежни“ што имаат ментор кој ги учи на превари …
        не е хејтање, реалност е.

      1. Затоа што бев во стартапот, им го смислив името на апликацијата, им смислив пола од функционалснотите во апликацијата, за на крај да кажат не сакаме понатаму соработка.

        Има и посочни зборови за опис на дечките

      2. Sefe, ako si tolku pameten i pola si smislil so ne go napravis celo sam. Mnogu kako tebe smislile pola. Ziti se ima milion turisticki vodici so isti ili slicni specifikacii, so ne mrcis i za niv.

      3. 1. бев дел од стартапот
        2. не сум прогамер, туку историчар на уметност и дизајнер.
        3. има милион водичи, но дечките немаа баш поим што и како треба да има еден водич. збореа за техника без да знаат што треба да прават со таа техника

      4. Malku e pretenciozno da mislis deka tvojpt pridones bil klucen, ali so plukanje mislam ne se resavaat rabotite. Ova ne e FB nego travel app. Kako i da e deckite napravile nesto, ako mislis deka mozes podobro, soberi drugi programeri. Ima dosta vo MK, i ne se skapi neli!

      5. Не кажав дека бил клучен.
        Кажав што се случи на стартапот.

        Предупредување до сите што би сакале да си имаат работа со „дечките“.

      6. колку високо ниво
        запрепастувачки

        само показател на тоа што суштества трпи планетава

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии