Travelex e aпликација која ќе ви каже колку пари ви треба за одмор

Travelex објави апликација која ќе им препорача на корисниците колкав буџет им е потребен за патување на некоја туристичка дестинација. Travelex Money App е едноставна за користење – се што треба да внесе корисникот е бројот на членови на семејството, времетраење на патувањето и неговата потрошувачка навика, односно дали троши помалку или повеќе. Понатаму врз база на трошењето на корисниците кои имаат слични влезни податоци, ја презентира прогнозата.

Апликацијата е проширување на оригиналната услуга која ја нуди Travelex размена на пари од една во друга валута, па корисниците веднаш можат преку нивниот сервис да ги разменат парите. За жал услугата е достапна во Британија каде корисникот Travelex ги доставува парите до врата на корисникот. Податоците на кои е базирана анализата доаѓаат од 2.000 британски доброволци, и иако нивните потрошувачки навики не се исти со навиките на граѓаните од останатите држави, сепак може да добиете груби подаоци за потребните средства. Travelex Money App е достапна за iOS и Android.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии