Трансформирајте го вашиот Mac дисплеј во реалистичен камин со Fireplace 3D Lite

Мартин Јованчевски

во Вести

Со наближување на празниците, расположението се менува, а размислувањето зазема потопол и оптимистички правец. Или, барем би требало да биде така. Fireplace 3D Lite е тука да ја олесни ваквата транзиција, првенствено на сопствениците на Mac направи.

Fireplace 3D Lite е еден од најреалните камини покрај кои сме имале задоволство да се преправаме дека се грееме. Поддржува Retina 5K дисплеј, како и работа во систем со неколку монитори. Доколку сакате, можете да го користите и како скринсејвер.

Најновата, втора верзија на Fireplace 3D Lite воведува поддршка за мрачен режим, а и автоматски ја оптимизира употребата на процесорот. При користење на скринсејверот, пак, сега можете и да наместите да се бара лозинка за пристап.

На Android корисниците дефинитивно препорачуваме да ја проверат Romantic Fireplaces, или Christmas Fireplace.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии