Трамп му објави војна на Amazon?

Дека претседателот на САД, Доналд Трамп не е преголем љубител на Amazon и Џеф Безос е познато уште пред изборите. Можеби затоа и не беше преголемо изненадување кога неименуван извор од Белата куќа објави дека г. Трамп е опседнат со Amazon.

Г. Трамп не остана на ова. Но, ако помисливте дека ќе следи демант, тогаш најверојано сте го преспале периодот по изборот. Претседателот продолжи со истиот тон:

„Ја искажав мојата загриженост со Amazon уште долго пред изборите. За разлика од другите, плаќаат малку или не плаќаат данок на државните и локалните власти, ја користат нашата пошта за транспорт (ова е огромна загуба за САД) и оставаат многу илјади трговци без работа“.

Секако изјавата на г. Трамп доаѓа од неговото oмилено средство за комуникација, Twitter.

По текстот на Axios и објавата на Twitter, акциите на најголемата светска продавница паднаа 4.4%.

Личната нетрпеливост кон Џеф Безос и Amazon, го инспирира г. Трамп да не ја зборува вистината, дури и кога му е предочена. Најдобар пример за тоа е најверојатно изјавата дека поштата губи пари поради Amazon. Во реалноста ситуацијата е сосем обратна, американската пошта заработува значително од пратките кои ги купуваат корисниците онлајн.

„Зошто Американската пошта која губи милијарди долари годишно не зема пари од Amazon и други компании за да ги испорача нивните пакети, го прават Amazon побогат, а поштата станува поглупава и посиромашна“, продолжи Трамп на Twitter.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии