„Traitorous eight“ – вистинските револуционери и основоположници на Силиконската Долина

Можеби не знаете, но почетоците на развојот на чиповите е приказна со предавства и контроверзии. Веројатно главната причина за ова е приказната за осуммината предавници. Ова е приказна за осуммина истражувачи кои на средината на минатиот век го напуштаат Shockley Semiconductor Laboratory и основаат Fairchild Semiconductor. Компанијата понатаму е вмешана во креирање на куп компании. Дел од компаниите се и Intel и AMD.

Јулиј Бланк, Виктор Гринич, Џон Хорнер, Јуџин Клајнер, Џеј Ласт, Гордон Мур, Роберт Нојс и Шелдон Робертс се осуммината истражувачи кои се познати како „осуммина предавници“ (Traitorous eight). Во 1956 година, Вилијам Шокли регрутира група млади доктори на науки за својата компанија Shockley Semiconductor Laboratory. Иако самиот Шокли бил извонреден научник и добитник на Нобеловата награда, третманот кој го имал кон осуммината ги натерал да ја напуштат компанијата и заедно со Шерман Ферчајлд, да ја основаат Fairchild Semiconductor. За само неколку години компанијата станала центар за развој и иновација.

Основање на Shockley Semiconductor Laboratory

Вилјам Шокли е иноватор кој го открил транзисторот во 1955 година и основал компанија која ќе произведува транзистори и шокли-диоди.

Со инвестиција од Арнолд Бекман, набрзо бил основани Shockley Semi-Conductor Laboratories. Компанијата била дел од Beckman Instruments. Набрзо по отворањето ги регрутирале Јулиј Бланк, Џеј Ласт, Гордон Мур,Роберт Нојс и Шелдон Робертс, а неколку месеци подоцна и Јуџин Клајнер, Виктор Гринич и Џон Хорнер. Сите биле или млади доктори или искусни истражувачи, помеѓу 26 и 33 години.

Проблемите за жал започнале речиси веднаш. Шокли кој бил истражувач од „стар“ ков, верувал дека секој научник мора да може самиот да си ги извршува сите технолошки процеси. Поради ова одбивал да вработи дополнителен технички персонал.

Компанијата престанала да ги развива биполарните транзистори, иако според сведочењата на г. Нојс и г. Мур ова било изненадување. Иако можеби објаснувањето е дека Beckman Instruments имал договор со војската на САД за истражување и развој.

За жал, иако бил брилијантен научник, Шокли бил лош менаџер и бизнисмен, но и лош во контакт со луѓето. Поради проблеми со комуникацијата често наместо колеги, гледал непријатели. Токму односот ги натерал осуммината „предавници“ да ја напуштат компанијата и да си ја побараат среќата на друго место.

Уште од самите почетоци атмосферата во лабораторијата била толку напната што ниту Нобеловата награда не успеала да ги смири односите.

Оставки и нова компанија

Веќе следната година Клајнер, Бланк, Гринич, Ласт, Робертс. Мур и Керни започнале да бараат повлекување на Шокли. На 29 мај 1957 година како последен чекор, поднеле ултиматум или Шокли си оди или тие.

Наместо официјален договор групата потпишала 10 банкноти од по 1 долар. На секоја банкнота ги имало сите потписи и тоа било нивниот меѓусебен договор. „Осуммината предавници“ и двајцата банкари Артур Рок и Бад Којл, церемонијално ги потпишале овие банкноти, веројатно и самите не знаејќи колкаво историско значење ќе има средбата.

Пронаоѓањето на инвеститори сепак не било едноставно. Артур Рок го ризикувал сопствениот кредибилитет и организирал средби со 30 компании пред да пронајде заинтересиран инвеститор. Magnavox, General Mills и Burroughs се дел од компаниите кои одбиле воопшто и да се сретнат со научниците пред да ги одбијат. Конечно, на 19 септември групата се среднала со иноваторот и инвеститор Шерман Ферчајлд.

За една недела со заем од г. Ферчајлд од 1,38 милиони долари ја креирале својата компанија. Во септември 1957 година осуммината ја го напуштиле Шокли и го добиле името „Осуммината предавници“. Инвеститорот Ферчајлд имал можност да ги купи акциите кои биле распределени на научниците за сума од 3 милиони долари и со тоа да стане единствен сопственик. Во 1959 година тој и го направил ова, но со потегот истражувачите од партнери станале вработени во компанијата и со тоа спласнал и ентузијазмот.

Fairchild Semiconductors од 1960 до 1965 година бил лидер на пазарот за полу-проводници. Во 1967 година компанијата го загубила првото место на пазарот од Texas Instruments.

Основи и на денешниот модел на Силициумската долина

Од самото основање осуммината научници вовеле нова култура на работа во компанијата.  Нешто што стана основен начин на работа во Силициумската долина: отворени комуникации, дарежлива дистрибуција на акции, хоризонтална организациска структура и автономни истражувачки тимови.

Десет години подоцна благодарение на својата брилијантност и компаниската култура, Fairchild Semiconductor имал илјадници вработени и 12 милиони долари профит. Процесот зад интегрираните кола кои тие го креираа се користи и денес.

Осуммината за жал биле заедно до 1961 година. Во 1961 година заменик претседателот на одделот за маркетинг го обвинил Џеј Ласт за злоупотреба на средства. Мур и Нојс не застанале во негова одбрана, и како директна последица на оваа кавга компанијата ја напуштиле Ласт, Херни, Клајнер и Робертс.

Но, ова не е крај на осуммината предавници. Во 1968 година Бленк, Гринч, Клајнер, Ласт, Херни и Робертс инвестирале во компанијата на Мур и Нојс, N-M Electronics. Една година подоцна компанијата од хотелот Intelco ги купила правата за името и се прекрстиле во Intel.

Intel, AMD и National Semiconductor

Сепак културата на работење во Силициумската долина не е единствената работа која овие иноватори ја оставиле. Основачи на Intel, Гордон Мур, Роберт Нојс, Артур Рок и Енди Грув; основачот на AMD Џери Сандер; Чарли Спорк и Флојд Кваме од National Semiconductor во дел од кариерите биле вработени во Fairchild. Дел од основачите на Fairchild и вработени во компанијата основале над 65 компании.

Години подоцна, Роберт Нојс, Џери Сандерс и Енди Грув му беа ментори на Стив Џобс.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии