Тоuch+ може да ги замени тастатурата и тачпадот, и тоа за само 75 долари

Touch+ од Ractiv е додаток за компјутер кој треба да ги замени комјутерското глувче и тачпадот. Уредот може да се користи за скролување, како помош за презентации, па дури и како контролер за видеоигри. Touch+ веќе поддржува OS X, Windows и iOS, а најавена е поддршка за Linux и Android TV. Контролерот е составен од две камери и алгоритам кој овозможуваат креирање на 3Д-слика од тоа што го „снимаат“ камерите. Вака креираниот систем може да следи движење на раката, но и на цело тело. Уредот овозможува целата тастатура или површина под него да биде искористена како екран на допир. Со помош на апликации како SwiftKey и слични, Touch+ би можел дури и да ја замени тастатурата.

Инспирацијата за Touch+ дојде од користењето на лаптоп во автобус и замисла како би изгледало кога би било можно да имаме мултитач на тастатурата за да не мораме постојано да ги мрдаме рацете насекеда – што е навистина проблематично во тесен простор. Touch+ веќе започна да се испорачува на првите подржувачи на Kickstarter каде успеаа да соберат 180,000 долари. Цената на уредот за сите кои не го земаа преку Kickstarter е 75 долари.

[youtube]ItCd2stbxDE[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии