Total War: Warhammer 2 доби Steam Workshop со 600 модови

Модерската сцена започна со модификации врз Total War: Warhammer 2 уште со самото излегување на играта, но Steam Workshop се активира дури неодамна, бидејќи многу модови значително ја нарушуваа стабилноста на играта.

Во моментот кога девелоперите Creative Assembly станаа задоволни со стабилноста, гејмерите го добија зеленото светло за уживање на предностите кои доаѓаат со Steam Workshop, а тоа е едноставен преглед на скоро 600 модови и нивна брза имплементација во главната игра.

Од најпопуларните, дефинитивно би ги истакнале Better Camera Mod (за подобар преглед на бојното поле), Diplomatic Options – Vassal, Liberate & Confederate (за проширени дипломатски можности), како и GCCM2: Grand Campaign Custom Maps! (модификации во форма на бројни нови мапи, анимации, рескинови и графички измени).

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии