Тor и Facebook го стандардизираа анонимниот .onion домен

Виктор Дано

во Веб

Internet Engineering Task Force (IETF) ги препозна скриените .onion домени како домени со специјална употреба. Додавањето на овие домени на листата е дело на Tor Project и Facebook, како дел од напорите за безбедност на сите корисници „Како резултат на ова, никој нема да може да купи .onion домен за да не дојде до конфликт на интереси,“ вели експертот за приватност Џејкоб Апелбаум. Ова освен што обезбедува ICANN да не може да продава .onion домени, сите кои сакаат да креират ваков домен ќе можат ова да го направат бесплатно.

Проектот е реализиран откако најголемата друштвена мрежа ја креираше анонимната верзија на својот сајт, но наиде на проблем со SSL сертификатот за безбедност кој не го препознаваше .onion доменот. За жал во овој период SSL сертификати за .onion домени не беа сметани за прелегитимни, а благодарение на напорите на Tor, Facebook и неколкумина ентузијасти, стандардизацијата една година подоцна е реалност.

1 коментар на “Тor и Facebook го стандардизираа анонимниот .onion домен

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии