Topvideomk, македонски видео портал

IT.mk редакција

во ИТ.МК

{mosimage}Првиот впечаток кога ќе го постетите Topvideomk.com е доста пријатен. Интересна музика и едноставно видео кое ви ја прикажува идејата зад сајтот „снимајте со вашиот мобилен, креирајте профил, закачете ги видеата“. Доста интересна идеја за мала, фокусирана – македонска публика.

Но не видов ниту едно „домашно“ видео. :( Сајтот е исполнет со видеа од YouTube што ме тера да размислам – Зошто воопшто да одам на Topvideomk? кога истите видеа ги имам на YouTube. Можеби единствено нешто е што сајтот е наменет за македонска публика, така што можеби ќе најдам некој пријател кој има свој канал, група и слично, па ќе можам да ги гледам неговите омилени видеа и да коментираме за истите, постои и опција за Facebook Chat што го прави сајтот и мала друштвена мрежа.

Идејата за сајтот е одлична, посебно што најдов дека постои и опција за стрим т.е пренос во живо (го читнав тоа во „Правила и услови“).
Замислете си што би било кога поп-ѕвездите и останатите популарни лица ќе испраќаат свои видеа на Topvideomk? Најпосетените видеа на сервисот се на K-15. Но за жал многу од видеата закачени таму од македонски пејачи па и од К-15 се со ознака на YouTube.

{mosimage}

Сајтот сепак е млад, беше стартуван пред две недели. Иако многу личи на YouTube сепак идејата „снимајте со мобилен, и закачете на Topvideomk“ е интересна. Пратив е-маил на contact@topvideomk.com за повеќе информации за иднината на овој сервис но не добив одговот. Потоа проверивме дека сајтот е регистриран од хостинг компанијата Macedonia Gataway чиј сајт е исто така во изградба.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии