Како и секоја година, Twitter ги објави прегледот на најпребаруваните и најсподелуваните хаш-тагови за 2011-та година.

Според друштвената мрежа, овие топ трендови „ги рефлектираат различните нешта што ни се важни во нашите секојдневни животи“. Но, интересно е да се види дека покрај најпопуларниот хаш-таг „egipet“ кој е врзан со револуцијата во земјата, исто толку е важен и вториот најпопуларен хаш-таг „tigerblood”, односно таканаречената крв на Чарли Шин кој е еден од многуте популарни личнисти кои се приклучија на мрежата оваа година.

Најважните светски настани кои беа одбележани на Twitter во 2011-та беа повлекувањето на египетскиот претседател Мубарак, убивањето на Осама бин Ладен, земјотресот во Јапонија и проблемите со нуклеарната централа Фукишима, атентатот на американската политичарка Габриел Гифордс, смртта на Мухамед Гадафи и интересно, свинскиот грип.

Најзборувани телевизиски моменти за 2011-та се Pretty Little Liars, Two and a Half Man, Craigslist Killer, наградите Golden Globe и People’s Choice Awards, додека најзборувани термини врзани со фудбалот се Вејн Руни, Фернандо Торес, Хауард Веб, стадионот Вембли и клубот Коло Коло.

За утеша вреди да се спомене дека меѓу популарните Twitter музички трендови го нема Џастин Бибер, но Ребека Блек со Friday е на првото место.

За целата листа кликнете на сликата подолу: