Топ пребарувања во Македонија: Возрасните кон регионот, помладите кон домашните „херои“ и светот

Македонците на YouTube најчесто го бараат реалното шоу „Задруга“. На второ место е најпопуларниот македонски јутубер „GP“, по што  следат „музика“, „Задруга во живо“ и супер популарната видеоигра  „Fortnite“.  Ова резултати се според  „Google Trends“, a анализата ја направи „DataReportal“.

Бројот на интернет корисници е 1,69 милиони што покажува дека 81% од популацијата користи интернет. Пристап до мобилен интернет имаат 1,54 милиони корисници или 74% од популацијата. Што се однесува до брзината, просечната брзина на мобилните интернет врски е 38.06 Mbps и 23,19 Mbps за фиксните врски. И двата сектора бележат пораст. Кај мобилните тоа е 3,8% во однос на претходната година, но кај фиксните линии е дури 12%.

Во Македонија се плаќаат 2,27 милиони претплати за телефони, што е 109% од популацијата на Македонија. Над 1,69 милиони корисници или 81% имаат пристап до интернет, а 1,1 милиони или 53% Македонци се активни корисници на друштвените мрежи. Малку помалку од ова, 1 милиони или 48%, користат друштвени мрежи преку мобилни уреди.

Од јануари минатата година до јануари оваа година е зголемен бројот на мобилни претплати и корисници кои пристапуваат на друштвени мрежи преку паметни телефони. Во овој период има 69 000 (3,1%) нови претплатниц, и 30  000 (3,1%) корисници кои пристапуваат на друштвени мрежи преку мобилни мрежи. Во овој период за 106 000 порасна и бројот на интернет корисници.

Кои се најпосетени сајтови

Според рангирањето на Alexa ова се најпосетуваните сајтови од македонските корисници:

  • Google
  • YouTube
  • Time.mk
  • Reklama5
  • Facebook
  • Daily.mk,
  • Femina.mk
  • Crnobelo.mk
  • Sitel.com.mk
  • Pazar3.mk

Што се однесува пак до пребарувањата на Google, Македонците најмногу пребарувале:

  • Facebook
  • Translate
  • Youtube
  • Google
  • Резултати
  • Translate Google
  • Time
  • Reklama5
  • Time MK
  • Вести

Половина Македонија на друштвени мрежи

Нешто повеќе од половината, 1,1 милиони корисници од Македонија се присутни на друштвените мрежи. Најголем дел од овие корисници пристапува од мобилни уреди, паметни телефони или таблет компјутери.

Најпопуларна платформа и натаму е Facebook со 1,1 милиони корисници, по што следат Instagram со 610 илјади и Twitter со 86 600 корисници. Интересно, трета мрежа според популарноста е LinkedIn со 220 000 корисници. 61% од Facebook корисниците се полнолетни, околу 58% се мажи и околу 42% се жени. Просечниот корисник во Македонија „лајкнал“: 2 facebook-страници откако е присутен на Facebook; 13 поста во последните 30 дена; коментирал 4 пати на постови последните 30 дена; споделил еден пост; и отворил 19 реклами во последните 30 дена.

Бројот на корисници на Facebook и Instagram е речиси непроменет последните три месеци, а пораст од 5,5% и 4,8% бележат Twitter, односно LinkedIn.

Што се однесува до YouTube таму веројатно најинтересен е податокот од пребарувањата. Во 2018 најчесто се пребарувале: „Задруга“, „GP“ и музика. Најпопуларен музичар 2018 секако според пребарувањето е „Rasta“ од Србија, а најпопуларна песна била „Mama“. Најпопуларен  македонски пејач сè уште е Тоше Проески.