Топ .мк сајтови за љубителите на автомобили

Во .мк сајбер просторот во повеќе наврати се покажа и докажа дека има многу ентузијасти и заинтересирани за светот на автомобилите, и затоа се решивме да ви претставиме неколку .мк дестинации кои се посветени на оваа тема. Не грижете се, разгледајте си убаво, бидејќи за разлика од зонското паркирање, „вебирањето“ не се наплаќа од час. :)

Oвој сајт е онлајн „придружба“ на најстариот магазин за автомобили кај нас. Авто Плус неодамна стана полнолетен, па сега веќе самиот ќе одговара за своите постапки. Шегата на страна, ќе кажеме дека се работи за информативен сервис, кој нуди обемна содржина, во облик на тестови, новитети, вести, галерии итн. од областа на автомобилизмот. Соработката со италијанскиот Quattroruote само ги збогатува содржините со поегзотични материјали, од автомобили кои се реткост на нашите патишта.

Иако за нијанса пренатрупан, со недоволно простор посветен за главните вести, сепак на vozi.com.mk многу често можеме да видиме некои ударни вести од новитети, камуфлирани тест возила и нови технологии.

Овој релативно нов авто-портал може да делува малку збунувачки, поради чудната организација на клучните елементи на еден веб сајт. Содржински добро се држи со конкуренцијата, и за поздрав се сегментите „Тјунинг“ и „Пребарување по марка“. Сепак, иако почетниот слајдер изгледа ветувачки, неизбежно е чувството дека се работи за „недовршен“ проект кој има потенцијал и кој само треба соодветно да се искористи.

Еден од првите интернет портали на македонскиот веб-простор, кој се занимава со оваа тематика. На почетокот значително поагилно и поажурно се следеа промените во автомобилскиот свет, но, за жал, изгледа како да полека згаснува таа почетна искра, која за кратко време го издигна овој портал високо кон врвот. Како најкорисни карактеристики на овој портал, ќе ги издвоиме можностите за пребарување на нов или половен автомобил, со многу можности за нагодување на пребарувањето.

И овој портал спаѓа во онаа група на „младенчиња“, но она што визуелно ни се допаѓа е чистиот и прегледен дизајн и убавиот избор на бои, додека блага сенка фрлаат малиот простор посветен на ударни вести, и несфатливо големото заглавје (header). Содржински гледано, ни се допаѓа делот со „Проекти“, одлично организираниот пребарувач на возила и авто салони, бесплатното огласување и разноликоста на содржините.

Можеби е „бебенце“ во однос на возраста на горенаведените веб-дестинации, меѓутоа, CARclub започна како форум за авто-ентузијасти и за многу краток период насобра многу членови. После само 3 месеци од постоењето на форумот, CARclub успеа да направи еден масивен собир на „бензиноглавците“, на кој учествуваа преку 100 возила. По повод првиот роденден на форумот, CARclub почна да функционира како портал, со силна поддршка од членовите на форумот.

3 коментари на “Топ .мк сајтови за љубителите на автомобили

  1. Шо зборуеш бе? Како успеавте да го испуштите http://www.brzkrug.com, или нарочно го испуштивте? Не се фалиме ама сме единствени кои почнавме да објавуваме редовно за Македонските автомото трки и собири, и тоа со посетување на истите. И од кога почна да постои БРЗКРУГ, некако и на другиве портали им текна да почнат поредовно да пишуваат, затоа што се појави доста тешка конкуренција. Па останува да видиме сезона 2012 кој ќе ја покрие најдобро медиумски. Поздрав од Тим БРЗКРУГ!!!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии