Aпликации кои мора да ги имате на вашиот нов iPhone или iPad

Веќе објавивме за апликации за вашиот Android уред, па не би било фер да ги запоставиме и корисниците на iPhone и iPad кои може да избираат од повеќе од милион апликации. За да не трошат време на разгледување на сите алтернативи, еве една листа од 5 апликации кои мора да ги имате.

  • Clear е одлична To-Do апликација. Со неа може да креирате листи на работи што сакате да ги направите, нешта што сакате да ги купите. Иако има вакви куп апликации, сепак се работи за нов концепт на апликацијата која се користи само со интуитивно движење на прстите, без менија, без дополнителни опции.
  • Flipboard. Сигурно не сакате да ја труете меморијата со еден куп апликации за читање. Затоа Flipboard е одлично решение да ги следите вестите што ве интересират. Бидете во тек со сè што се случува и тоа само со инсталирање на една апликација.
  • Evernote e апликација без која не смее да помине ниту една листа, без врска за која платформа се работи. Со помош на неа никогаш нема да заборавите на било што. Без разлика дали одите на пазар или сакате да фатите некои прибелешки додека сте на предавање или на некој настан.
  • Kindle. Со помош на апликацијата на Amazon можете да ги читате вашите омилени книги, весници, магазини… Kindle апликацијата ви нуди 1.000.000 различни книги во Kindle Store и уште стотици различни весници и магазини.
  • Instapaper. Ова е апликција со која можете да зачувувате содржина за да ја прочитате подоцна. Користејќи го додатокот на вашиот прелистувач, можете лесно да пристапувате до саканата содржина преку сите уреди. Откако ќе ја инсталирате апликацијата, имате можност да го поставите какво да биде вашето читачко искуство.
  • Google Maps – Ова е апликација која мора да ја има секој сопственик на iPhone или iPad. Сите можевме да видиме колку се точни мапите на Apple и колку навистина ќе ве одведат до местото до кое сакате да стигнете. За жал, апликацијата се уште не е достапна за македонските корисници, но ќе биде наскоро.

3 коментари на “Aпликации кои мора да ги имате на вашиот нов iPhone или iPad

  1. Ова се за iPhone, пошто пример Google Maps и Clear нема сеуште за iPad.
    Ja само ќе ја надополнам низата: Hipstamatic, Snapseed, Action Movie, 8mm, Zite, Pocket, Showyou, Dropbox, Calvetica, Sparrow, Poke, Tumblr….

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии