Неколку кул и корисни апликации кои ќе ви помогнат во новата учебна година

Полека се наближува времето кога учениците се враќаат во своите школски клупи, а студентите започнуваат со своите студентски активности. Денес, наместо книгите, сите се со своите паметни телефони и компјутерски таблети во рацете, некои прегледуваат апликации за забава, некои пак апликации кои ќе им помогнат во организираноста и продуктивноста. Еве дел од нив, а доколку имате предлог апликации, слободно споделете ги во коментарите:

Evernote

Evernote ќе ви помогне да се организирате подобро за испитите кои доаѓаат, така што користeјќи ја оваа апликација на вашите предавања ќе можете да зачувувате белешки, аудиовизуелни материјали и сл. А до истите ќе можете да пристапите од било каде, во било кое време. Исто така, нуди пребарување по клучни зборови дури и на фотографиите или рачно пишуваните текстови. Evernote е достапен за iOS, Android, Windows Phone, BlackBerry и веб. Дополнително Evernote нуди и неколку дополнителни сервиси како Evernote Peek која од вашите забелешки, аудио и фото материјали ви припрема квизови за да го провери вашето знаење. Evernote Peek е достапна за iPad.

[youtube]Pjn6YkCY2yA[/youtube]

Wolfram | Alpha

Wolfram Alpha е најпознатиот сегментиран пребарувач, односно пребарувач кој ви одговара на конкретни прашања. Пример, може да пребарувате со прашање „What’s the population of Macedonia” и Wolfram ќе ви даде куп табели и статистики. Одличен извор на информација при учење и истражување. Апликацијата е достапна за iOS и Android. Wolfram | Alpha нуди и куп разновидни апликации за едукативни курсеви. Еве пример за Pre-Algebra Courses.

[youtube]UJ00E0gYqlo[/youtube]

AccelaStudy

AccelaStudy е одлична апликација за студентите на јазици. Апликацијата поддржува 18 јазици: Англиски, Шпански, Француски, Германски, Италијански и др. Исто така, апликацијата вклучува преку 2,100 зборови од 65 различни области – технологија, природа, работа, храна и слично. Како корисник на AccelaStudy, вие можете да ги организирате зборовите во групи, така што секоја група би имала по 20-30 зборови (препорачливо) и ќе ви биде олеснето учењето на нови зборови. Возможно е и аудио учење, така доколку пешачите со вашите слушалки, ќе можете да слушате и како се изговараат поединечни зборови. AccelaStudy е достапна за iOS.

Studious

Studious е to-do апликација и календар, сoздадена за секој студент. Во апликацијата можете да го додадете целиот ваш распоред на предавања или план за учење, или пишување на домашна. Секогаш кога ќе бидете на предавања, вашиот телефон автоматски го исклучува звукот, а ве потсетува и кога треба да ги завршите вашите домашни задачи или да седнете да учите. Дополнително, нуди и можност за зачувување на белешки.

myHomework

Уште една слична апликација на Studious е myHomework која е достапна за iOS, Android, Windows и преку веб. Апликацијата овозможува следење на студентските/школските активности преку календар, следење на вашите домашни обврски, а корисникот добива известување кога треба да заврши одредена задача. Исто така, достапно е и синхронизирање помеѓу повеќе уреди.

Dropbox

За многумина ова е веќе позната апликација која е достапна за сите платформи. Една од причините поради која секој студент треба да има своја Dropbox сметка е за чување на своите задачи, така што ќе биде сигурен дека истите му се достапни од било каде, а е сигурен и дека доколку се случи да има проблеми со својот компјутер, документите му се на безбедно место. Инсталирајте го Dropbox, чувајте ги вашите документи таму и не грижете се за губење на истите.

[youtube]w4eTR7tci6A[/youtube]

Quick Graph

Со помош на најдобриот графички калкулатор за iOS, вашиот iPhone или iPad можете да го претворите во уред кој за брзо време ќе ви ги исцрта вашите графици во 2D и 3D форма. Quick Graph нуди прикажување на експлицитни и имплицитни функции, како и нееднаквост во 2D и 3D координатни системи. Quick Graph е достапна за iOS и можете да ја преземете од овде.

ITrackMyTime

ITrackMyTime е апликација за iOS со која може да следите колку време поминувате на задачи. Апликацијата може да биде вистински корисна за да си го одредите времето за учење и игра, односно излегување, спорт, дружење и рекреација.

Flipboard

Настрана од апликациите за учење, сигурно имате омилени портали и луѓе на друштвените мрежи што сакате да ги прочитате. Flipboard е вашиот личен магазин кој нуди одличен дизајн и одлично читачко искуство. Покрај илијадниците медиумски брендови, Flipboard нуди можност за додавање на Facebook, Twitter, Instagram и Tumblr фидови. Oд неодамна Flipboard овозможи и персонализирани магазини, што значи дека може само да си креирате магазин и да го споделувате со пријателите. Во училиште, тој може да биде алакта за професорите и учениците да споделуваат креативна содржина.

[youtube]v2vpvEDS00o[/youtube]

Sleep Cycle Alarm Clock

Sleep Cycle Alarm Clock е интелегентен аларм за iOS кој го анализира вашето спиење и ве буди во најдоброто време од спиење, така што ќе се чувствувате освежено и релаксирано. Sleep Cycle користејќи го сензорот за движење во вашиот iPhone ги анализира вашите движења додека спиете, дознава во кој циклус на спиење сте и ве буди кога сте во најлесниот циклус, така што тоа би било доволно спиење за денес. :)

4 коментари на “Неколку кул и корисни апликации кои ќе ви помогнат во новата учебна година

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии