Софтверот за анимации Toonz сега е бесплатен

Популарниот софтвер за анимирани филмови Toonz сега е бесплатен за сите илустратори и дизајнери. Најпознатите креации направени со Toonz се серијата Futurama, и филмовите Princess Mononoke и Spirited Away. Најголема предност на софтверот е што овозможува едноставен спој на рачно нацртаните цртежи со дигиталните цртежи. Токму ова беше причината поради која софтверот беше избран за Princess Mononoke, вели Атсуши Оки, директорот на фотографијата.

Бесплатната верзија на софтверот, кој претходно чинеше 10.000 долари, ќе биде достапна од 26 март. Дополнително верзијата ќе биде со отворен код, а издавањето на софтверот е дел од договорот од спогодбата за аквизацијата на Digital Video во Dwango. Наместо од лиценците, компанијата сега планира да заработува од услуги при инсталација, тренинг и поддршка, но главно сакаат да мотивираат што е можно повеќе аниматори да го користат софтверот, вели The Next Web.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии