ToneCheck: Никогаш повеќе погрешно разбрани

Основачите на стартап компанијата Lymbix смислија решение за овој проблем. Креираа додаток за Мicrosoft имејл клиентот, Outlook, кој врши детална емоционална анализа за да го провери тонот на содржината на вашата порака. ToneCheck се покажа како инстант хит, околу 20.000 корисници го симнаа само во првиот месец. Моментално се спрема подобрена и попаметна верзија која најверојатно ќе излезе во текот на овој месец.

ToneCheck е едноставен за користење: предефинираниот тон на пораката која сакате да ја пишувате, по завршувањето притискате Run ToneCheck и апликацијата ќе ви ги посочи фразите кои можеби се надвор од саканиот контекст. Следната верзија ќе биде слична на опцијата за проверка на правопис: додека пишувате ќе ве извести ако внесете сомнителна содржина. Развивачите на оваа апликација се ентузијасти за нејзината примена во повеќе сфери, па имаат планови за апликација која ќе се вика ToneFilter и која ќе треба да овозможи подобро корпоративно работење.

Како би помогнала оваа апликација? На пример, ако стигне порака со смирен тоа, би се сметала за порака за корпорацијата, порака од гневен муштерија би се префрлила директно кон одделот за корсничка поддршка, а ентузијастичка порака кон оние кои се одговорни за продажба.

Сопствениците на Lymbix засега ја чуваат апликацијата бесплатна затоа што се задоволни од профитот кој го имаат од API лиценцирањето и од неколку сеуште необјавени партнерства. Постојано добиваат побарувања да ја развијат оваа апликација и за други сервиси, па можеби и нема да биде толку долго пред да ја имаме и на Facebook, велат од Lynbix.

Мора да се напомене дека оваа апликација работи само на англиски. Но, токму и за тоа може да биде корисна. Англискиот јазик е странски јазик со кој не сите владееме најдобро. Користејќи ја апликацијата барем ќе знаете каков ефект има вашиот пишан англиски јазик.

Можеби емоционалниот тон е дискутабилна работа, и можеби нема во секој случај да погоди каде се нашите грешки, но барем ќе не натера два пати да размислиме пред да пратиме порака која може да биде погрешно разбрана.

(via Mashable)

3 коментари на “ToneCheck: Никогаш повеќе погрешно разбрани

  1. Генијално брилијантна идеја, уште да разбираше сарказам.

    За следен проект на компанијата предлагам да лобираат за закон со кој ке се скрати школувањето на пола и на се секој ученик да му се даде лиценца за Lуmbix, додека притоа образованието, културата и доброто однесување отидат во неповрат.

    Предвидувам иднина во која компаниите ќе имаат полиса на секој компјутер да има инсталација на оваа брилијантна апликација и каде што самата компанија ќе дефинира „тон“ на целокупната комуникација на нејзините вработени, а програмата сама ќе ја спроведува полисата во лет додека пишувате. Со тоа ќе се овозможи компанијата наместо луѓе да вработува мајмуни и парите што притоа ќе ги заштеди да ѓи уплаќа на сметката Lуmbix.

    Сега уште некој да измисли програма која го решата проблемот со „Drunk Messaging“ и светов ќе биде така светло и розево место за живеење.

      1. Ново време, нов начин на комуникација, кој не секогаш е подобар од стариот.

        Искрено не разбирам што сакаш да кажеш, се согласуваш со мојот коментар, не се согласуваш со мојот коментар, се сомневаш во моите предвидувања или се сомневаш во тоа дека сум се потресол. Можеби се сомневаш во тоа дали сум ја тестирал апликацијата.

        Посебно, во разбиливоста на твојот текст, не помага emoticon-от на крај.

        Доколку некој не ме разбрал, се што сакав да кажам на духовит начин е дека ова е глупа идеја, џабе трошење на време на програмерите и на корисниците, иако во однос на некои од апликациите за iPhone ова е светлосни години напред.

        Човековата комуникација е страшно комплицирана и ниедна технологија неможе да замени: едукација, култура, почит и добро однесување. Секој обид да се наметне некоја технологија во ова поле е непотребно насочување енергија во погрешна насока, кој само може да биде контрапродуктивен.

        Поздрав и остани ми сомничав.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии