Том Јорк од Radiohead им се налути на музичките сервиси бидејќи „не се фер“

Том Јорк јавно ги критикуваше новите сервиси кои стримаат музика преку веб, пред се Spotify, бидејќи, како што вели фронтменот на бендот Radiohead, тие се „лоши за новите музичари“. Протестот на Том Јорк и продуцентот на Radiohead, Најџел Годрич, започна со остранување на соло албумoт The Eraser и албумот на Atoms for Peace од најпопуларниот стриминг сервис Spotify. И двајцата преку Twitter го искажаа својот револ што Spotify ги исплаќа своите инвеститори, наместо новите музичари кои ќе бидат пронајдени преку сервисот. Албумите на Radiohead сè уште се достапни на сајтот.

Spotify – кој не е достапен во Македонија – има над 24 милиони активни корисници, од кои 6 милиони плаќаат претплата за да слушаат музика онлајн. Според сервисот, нивниот проект е во рани фази и има за цел да ги награди сите музичари. Spotify вели дека лани исплатиле над 500 милиони долари за авторските права, и тоа ќе го направат и оваа година.

Но, Том Јорк не е првата ѕвезда која јавно им се против на овие нови музички сервиси. Неодамна култните Pink Floyd објавија соопштение во кое велат дека интернет компаниите ги измамуваат музичарите да земаат помалку пари одошто заслужиле. Најдобриот пример за ова се бендот Grizzly Bear кои објавија дека добиле само 10 долари за 10.000 стримања на нивни песни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии