Тоа е цензура! Џими Велс со остри критики за европското право да бидеш заборавен на Интернет

Џими Велс, основачот на онлајн енциклопедијата Wikipedia, е против одлуката на Европската Унија која бара од Google да ги заборави корисниците. Google неодамна додаде веб формулар со кој корисниците можат да побараат да бидат заборавени од Интернет. Во првите неколку недели илјадници побараа да бидат заборавени, но контраверзноста започна откако дел од медиумите објавија дека добар дел од барањата доаѓаат од криминалци кои бараат да бидат избришани поради педофилија, проневера, апсење и други осуди.

„Имаме ситуација во која некомпетентни политичари имаат добра намера, но воведуваат закон кој е неповрзан без внимание за човековите права за техничките работи“, вели г.Велс во интервју за TechCrunch. „Не постои право да бидете заборавени – по се изгледа дека во Европа имате право на цензура доколку нешто не ви се допаѓа“.

Google организира и комитет кој ќе треба токму да одлучува кои барања се прашања за заштита на приватноста, а кои злоупотреба на заканот. Според директорот на Google, Лери Пејџ, дури 31 отсто од барањата доаѓаат тпоради овие причини, додека останатите се од корисници кои сакаат да биде тргнат линк кој е нерелевантен и им ја нарушува приватноста. Во комитетот покрај Џими Велс се и Френ Ле Ру од Обединетите Нации; Пеги Валке од Универзитетот за право во Ловен; Хосе Луис Пинат, шпански академик; и Лучијано Флориди, философ по информациска етика на Оксфорд институтот. Комитетот ќе биде советодавно тело, задолжен за јавни расправи, од кои ќе излегуваат препораки не само за Google, туку и за јавноста и легислаторите.

„Никој нема право да го користи законот за да им забрани на контрибутерите на Wikipedia да објавуваат вистинити информации, ниту пак имате право да му забраните на Google да објавува вистините информации“, критикува г. Велс кој идеално решение го гледа во европски закон кој ќе го гарантира правото на слобода на говор слично на Првиот амандман во уставот на САД.

1 коментар на “Тоа е цензура! Џими Велс со остри критики за европското право да бидеш заборавен на Интернет

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии