1 коментар 2 мин. читање

Tinex ја отвори својата онлајн продавница

Еден од најголемите ланци на маркети, Tinex конечно доби своја онлајн верзија. Онлајн верзија на ланецот супермаркети отвори на 17 декември, но засега е достапна единствено на жителите на Скопје.

Секако купувачите ќе можат да купат производ онлајн и да го чекаат дома. За почеток во E-Tinex, се достапни 6000 производи во 22 категории. Производите се стандардните кои може да ги пронајдете во продавницата. Од зеленчук и овошје, до средства за хигиена и производи во домот.

Иако засега доставата е исклучиво во Скопје од Tinex најавуваат дека во иднина е можно проширување на дистрибуцијата.

Доставата се наплаќа и зависи од износот на нарачката. За нарачка во износ од 900 денари се доплаќа 100 денари, за нарачки од 901 денар до 2500денари доставата изнесува 40 денари, а за нарачки над 2501 денари доставата е бесплатна. За повеќе информации за купувањето и доставата, прочитајте на следниот линк.

Од продавницата велат дека станува збор за најмодерна онлајн продавница во Македонија. Во е-продавницата може да најдете сè што е достапно и во супермаркетите, но производите ќе ви бидат испорачани дома.

Интересно е што освен со плаќање преку платежна картичка, корисникот може да искористи и поени кои се собираат во зависност од купените производи. Освен со купување во физичките продавници овие поени се собираат и при онлајн купувањето.

При пребарувањето на производи лесно е да најдете производи кои се на акција, производи со кои може да собирате поени или да селектирате производи од категорија „Најниска цена во градот“.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top