Тинејџери победија на стартап натпреварот на #SarajevoFTW; ќе одат на TechCrunch Disrupt во Лондон

Шестнаесет годишниот Емин Хоџиќ и седумнаесет годишниот Аднан Мујиќ, креатори на Light Docs, се победници на Startupbootcamp натпреварот одржан во склоп на #SarajevoFTW во Сараево. Како награда добија претставување на престижниот TechCrunch Disrupt Startup Alley во Лондон кој ќе се одржи од 18 до 21 октомври.

Идејата зад Light Docs е да ги поедностави сложените административни процедури во Босна и Херцеговина. Проектот, чии услуги во почетокот ќе бидат бесплатни, се обидува да ги намали трошоците и времето потребно за административни проблеми, со комбинација на најразлични услуги во една платформа да го олесни управувањето со компаниите, јавува Netokracija.

На второ место е YuTransfer проект кој ќе го олесни трансферот на пари на корисниците од регионот од странство, со што иселениците или корисниците кои се на привремена работа во странство ќе можат побрзо, безбедно и повтино да праќаат пари во регионот. YuTransfer се добитници на две карти до Лондон. Трето пласираниот проект Live Good овозможува совети при исхраната, стресот, вештините при презентирањето, јавен говор и деловна кореспонденција. За секој корисник се изработува индивидуален план за исхрана и справувањето со стрес. Стартапот е добитник на една карта до Лондон.

На #SaraevoFTW се претстави и македонскиот стартап A-la-carte со водич за урбаните центри кој ќе им овозможи на корисниците во САД едноставен начин, преку мобилна апликација да пронајдат место за храна или пијалок. Засега проектот е во бета фаза, но веќе имаат приберено податоци за над 25.000 локации во САД.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии