Тимови од Netcetera и Webfactory се пласираа на финалето на Google Hashcode

Image courtesy of WebFactory

Заврши онлајн квалификациската рунда на Google Hashcode. Она што веројатно е поинтересно е дека два тимови од Македонија се пласираа во финалето кое ќе се одржи во Даблин. Оваа година во Македонија имаше 3 Hashcode локации, Netcetera, Time.mk и Webfactory. Официјалните резултати ќе бидат објавени на 5 март.

Покрај тимот NCA од Netcetera кој беше на финалниот натпревар и минатата година, за финалето се пласира и Team Мeme од хабот од Web Factory. Team Meme беше на 26-то место место, а NCA на 30-то место. Team Meme е во состав на Васја Павлов, Давид Симеоновски, Божидар Стеваноски и Стојан Илиески, нивниот резултат во онлајн сесијата е 1 084 518. Тимот од Netcetera е во истиот победнички состав од минатата година; Александар Ников, Панче Чавковски, Кристијан Јанкоски и Војче Кушевски. Тимот NCA освои 1 077 817 поени.

Двата тима се пласираа за учество во финалето кое се одржува на 27 април во Даблин. На минатогодишното издание на Google #HashCode во Даблин, во конкуренција на 5 000 тимови и 37 000 учесници, тимот на Netcetera заврши на деветото место. Финалето се одржува на 27 април, и за разлика од онлајн сесиите сите тимови ќе бидат на една локација.

 

Натпреварувачите во хабот на Netcetera. Извор: Netcetera Macedonia / Facebook

Натпреварувачите во хабот на Netcetera. Извор: Netcetera Macedonia / Facebook

 

Team Мeme во хабот на Web Factory. Извор: Web Factory / Facebook

Team Мeme во хабот на Web Factory. Извор: Web Factory / Facebook

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии