Тимот зад сервисот нарекуван Netflix за книги се преселува во Google

Стартапот зад сервисот Oyster, апликацијата која беше нарекувана Netflix за книги, по две години за жал повеќе не постои. Од компанијата сè уште веруваат дека паметните телефони ќе ги заменат книгите барем за следната декада, а нивната мисија останува да ги спојат читателите и новните омилени книги, но ова ќе мора да го прават од нова локација.

По се изгледа од компанијата успеаа да пронајдат сомисленици кои се и попасионирани за телефоните од нив, па добар дел од тимот кој го креираше Oyster сега е дел од Google Play Books. Основачите на Oyster: Ерик Стромберг, Адријан Браун и Вилјам Ванланкер се дел од тимот кој оди во Google, велат извори за Recode. Иако не станува збор за аквизиција, Google сепак ќе им исплати 17 милиони долари на инвеститорите, за правата за вработување на луѓето од стартапот.

Засега непознато како ќе изгледа иднината на Oyster во Google имајќи предвид дека и гигантот не завршил со ребрендирањето во Alphabet. Сепак сигурно е дека Google Play останува под Сундер Пичај, а тимот на Oyster без сомневање од Google ќе можe да допре до повеќе корисници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии