Тимот од WebFactory кој работи нa Pendulibrium помеѓу најдобрите на „Featured Prediction Competition“

Image courtesy of WebFactory / Facebook

Тимот од WebFactory кој работи на Pendulibrium е помеѓу најдобро пласираните на Featured Prediction Competition во организација на Santander Bank. Симона Иванова, Давид Симеоновски и Илија Лалковски на натпреварот се пласираа во најдобрите 2 проценти и со тоа освоија сребен медал.

Предизвик во натпреварот беше да се предвиди кои корисници на банката ќе направат специфични трансакции во иднина.

На натпреварот учествуваа 9 038 тима од Kaggle заедницата и секој од тимовите се обидуваше да креира алгоритам кој најточно ќе предвидува. Натпреварот се одржуваше последниве два месеци и остана уште само официјално да се потврдат и резултатите.

Pendulibrium е посебен сектор во Web Factory. Секторот е фокусиран на примена на Artificial Intelligence и Machine Learning во финансискиот сектор, за подобра анализа и предвидување врз основа на финансиски извештаи. Pendulibrium доби и грант од Фондот за иновации и технички развој.

Web Factory е основана во 2009 година и примарна дејност на компанијата е развој на софтвер. Изработуваат целосни решенија од самото дефинирање и смислување на продуктот до негова целосна реализација (mobile, web, backend) и пласирање на пазарот. Работат во повеќе различни сектори меѓу кои здравство, финансии и услужни дејности.

1 коментар на “Тимот од WebFactory кој работи нa Pendulibrium помеѓу најдобрите на „Featured Prediction Competition“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии