Тимот NCA од Netcetera заврши 12 на AlphaPilot предизвикот каде се спојуваат трките со дронови и вештачката интелигенција. Тимот NCA е во состав: Александар Ников, Војче Кушевски, Панче Чавковски, Кристијан Јанкоски, Иван Секованиќ и Борјан Георгиевски.

„Нашиот тим заврши 12-ти на AlphaPilot, the Lockheed Martin AI Drone Racing Innovation Challenge. Натпреварот беше предизвик за нашите вештини за имплементација на механизам за препознавање на капии во трките со дронови, како и дизајн на автономен систем за контрола на дронови“, пишува капитенот на тимот Александар Ников, на блогот на Netcetera.

На натпреварот учествуваа 420 тима од целиот свет, а организатор на натпреварот е Lockheed Martin. Во финалето одат најдобрите 9 тимови, што значи дека за жал NCA не го продолжува натпреварот, но ова секако не го намалува успехот на тимот.

Натпреварот беше поделен на три дела, или три различни предизвици:

  1. Одговори на прашања за пристапот кој ќе го има тимот за проблемите на овој натпревар.
  2. Креирање на алгоритам кој ќе може да ги препознае координатите на аглите на капиите на тркачките патеки.
  3. Дизајн на автономен систем за контрола на дронот.

Секој од проблемите е сложен и има интересни решенија што може да ги разгледате на блогот на Александар Ников.

Во вториот дел од натпреварот ќе има трки со дронови и користење на технологијата која е развиена во првиот дел од натпреварот. Секако и во вториот дел ќе има развивање на технологии кои ќе овозможат трки со дроновите на повеќе патеки. Финалистите се натпреваруваат за награден фонд од над 1 250 000 долари.

За првото место ќе се натпреваруваат:

  • ICARUS – Georgia Tech’sSchool of Aerospace Engineering, САД
  • Formula Drone – UCLA, САД
  • KEF Robotics – Питсбург, САД
  • MAVLab – Delft University of Technology, Холандија
  • TEAM USRG @ KAIST – Korea Advanced Institute of Science and Technology (KAIST), Кореја
  • Team Puffin – САД, Шведска, Австралија
  • UZH Robotics and Perception Group – University of Zurich, Швајцарија
  • Warsaw MIMotaurs – Полска
  • XQuad -Federal University of Minas Gerais, Бразил

Голем дел од тимовите се универзитетски или барем имаат поддршка од некој од универзитет, па ќе биде интересно и да се види кој универзитет е најдобар, барем кога дроновите се во прашање.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии