Тимот на Absolute MadLads oд Македонија на 87 место на Google Hash Code квалификациите

На 25-ти февруари се одржа квалификациската рунда на Google Hash Code 2021. Во Македонија учество земаа 16 тимови во 3 виртуелни локации: Netcetera, Web Factory и Inellipse.

Кај Netcetera беа регистрирани и учествуваа 7 тима, односно 26 учесници; во Web Factory 2 тима, односно 8 учесници; и во Inellipse 1 тим. За жал иако македонските тимови во минатото не навикнаа на успеси во ова натпреварување, овој пат тоа не е случај. Ниту еден тим од Македонија не успеа да се пласира во финалната рунда која се одржува во април, и поради состојбата со пандемијата ќе се одржи онлајн.

Првите пет места во Македонија изгледаат вака: на прво место е тимот Absolute MadLads, втор е тимот OnlyBugsAndWrongSolutions, а на трето место е Team Meme, четврти се Hash K.E.B.A.B. O(1), а петтото место е за тимот Inellipse.

На светската „табела“ македонските тимови се пласирани на следниве места:

  • Absolute MadLads – 87 место
  • OnlyBugsAndWrongSolutions – 845 место
  • TeamMeme – 963 место
  • Hash K.E.B.A.B. O(1) – 1448 место
  • Inellipse – 1458 место
  • NCA – 2125 место
  • FINKI – 2443 место
  • FPOP – 3470 место
  • The org – 3520 место
  • Google Code-In Gophers – 3713 место
  • Viziana – 4046 место
  • The Assembling – 4739 место
  • Chakra Magic – 4849 место
  • Opcode – 5149 место
  • AFAF – 6794 место
  • BlackListed – 8559 место

Целата листа на резултати може да ја пронајдете на официјалната страница.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии