TimeTree е корисен онлајн календар со фокус на споделување

Оние кои имаат потреба од често користење онлајн календари дефинитивно се запознаени со двата најголеми гиганти. Microsoft Outlook и Google Calendar изобилуваат со комплексни функции. TimeTree не се стреми да ги замени, но го олеснува вашето секојдневно планирање со интересни функции кои нудат малку поразлична перспектива.

TimeTree ги прикажува деновите во огромни, пространи кутии, што е особено корисно за елиминирање на секоја потреба за зумирање. Откако ќе создадете нов календар, потребно е да му дадете цел. Се мисли дали ќе биде семеен, работен, или дел од одредена група. По таквиот избор, можете да вметнете насловна слика која ќе го претставува календарот, како и боја и опис. Иако се работи за едноставни опции за лична персонализација, пријатно се изненадивме како помагаат за полесно снаоѓање и пронаоѓање на саканите работи. ТimeTree највеќе сјае кога ќе се јави потреба за споделување. Во такви ситуации, сè што ви треба е линкот од календарот кој, подоцна, го испраќате до саканите лица.

TimeTree е апликација за Android и iOS. Како таква, работи беспрекорно и со инстантна синхронизација помеѓу двете апликации. За жал, се уште нема можност да се извлечат вашите календари од оваа апликација и да се користат во други апликации. Дополнително, нема можности за прикачување и на документи кога се создаваат настани.

Microsoft Outlook и Google Calendar навистина не се лоши онлајн календари, но во случај да сакате да си ги промените работите со трета алатка, TimeTree не би требало да ве разочара. Иако се споменува дека апликацијата сервира реклами, таквото нешто се чини дека е исклучително ретко и ненаметливо.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии