Time.mk Настани сега и за Android и за iPhone

Time.mk, во соработка со Web Factory, претстави мобилна апликација за Настани која е „е ваш персонализиран џебен консултант кој во чекор ве следи и информира за градските настани.“

Настани на Time.mk беше стартувани пред два месеца и е сервис кој ги агрегира сите настани од разни градови, нешто слично како што го прави тоа со вестите само што корисниците сами ќе мора да си додаваат настани.

Сега со мобилните апликации Настани ќе може да ја искористи локацијата за да истакне настани блиску до корисникот.

„Има два фантастични типа – мапирајќи ја вашата локација, можете да ги прегледате сите настани околу вас и да добиете потсетник во вид на нотификација којa ќе ви излезе 1 час пред почетокот на вашиот омилен настан.“

Објавена е само Android верзијата, но основачот на Time.mk, Игор Трајковски, во твит најави дека ќе има и iPhone верзија. Можеби е потребно време од Apple да ја одобрат апликацијата. Android Market не прави проверка на апликацијата пред да се провери.

*Oбјавена е и iPhone верзијата. Тука ќе го најдете линкот до iTunes.

10 коментари на “Time.mk Настани сега и за Android и за iPhone

      1. Да да, до ромот што го користам е. Пробав со друг си функционира без проблем.
        Супер реализација иначе!

  1. Браво! Идеава ми се вртеше долго време во глава, супер што некој ја реализираше :) Само малку побрзо update на кино репертоарите, денес веќе го нема Midnight in Paris, а стои како дел :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии