Time.mk направи временска машина; може да читате вести од 2008-ма до сега

Македонскиот агрегатор за вести, Time.mk, има нова функционалност – своевидна „временска машина“ која овозможува преглед на вестите во минатото. Со одбирање на неделата од која сакате да прочитате за изминатите настани, ќе може да ги разгледа вестите од македонските медиуми кои биле актуелни во тој период.

За да ја искористите „временската машина“ на Time.mk, ќе треба да ја користите и архивата на Интернетот. За жал, функционалноста на машината на Time.mk е значително намалена поради тоа што добар дел од линкoвите не функционираат. Причина за оваа грешка е непостоењето на дел од македонските медиуми, а остатокот кои сè уште постојат ги имаат тргнато вестите од своите архиви. Но, и покрај тоа што содржината можеби „не е пронајдена“, сепак внесувањето на линкот во Archives.org сепак ќе ви овозможи да видите како изгледала страната или барем содржината на веста.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии