Time.mk направи мал редизајн за да има повеќе место за вестите

Најпопуларниот .мк агрегатор за вести, Time.mk, од денес има нов редизајн, кој иако е мала промена, сепак е корисен бидејќи им остава повеќе простор на информациите. Сега категориите кои беа од левата страна на сајтот, се поставени над вестите што делува малку поорганизирано и појасно доколку сакате да се пребарувате вести во различни теми. Промена на поизицијата на менито е добро решение бидејќи сега листањето на вести изгледа почисто и попрегледно.

„Сега можат да се прикажат повеќе информации за водечките топ теми т.е. повеќе место е доделено за информациите поради кои е дојден корисникот отколку за самиот Тime.mk”, објаснува основачот Игор Трајковски.

Подобрено е прабарувањето со додавање на опција да се пребарува по датум (период од-до), и се додадени нови функционалности на Twitter делот за најпопуларните твитови од македонските корисници. Има две нови категории – #reach за потенцијалниот број на луѓе до кои стигнал твитот; и популарност според број на следачи. Додадени се и профили за твитерџиите да си ги прегледаат своите твитови.

Новиот Time.mk може да го видите на сајтот, а подолу е скриншот од стариот дизајн за споредба.

1 коментар на “Time.mk направи мал редизајн за да има повеќе место за вестите

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии