Time.mk надмина 2 милиони посети месечно

Македонскиот агрегаторот на вести забележа рекордни 2 милиони посети месечно, во период од 17 август до 16 септември, ни открива основачот на Time.mk, Игор Tрајковски.

Сајтот има и 3.941.502 прегледи на страни, што во просек е скоро на секоја посета да се прегледуваат по две страни. Интересно е што 49 отсто, или 993.709 посети доаѓаат како резултат на директно отварање од Time.mk, додека дополнителни 40 отсто, или 818.972 посети доаѓаат од интернет пребарувачите, главно Google.

Треба да се забележи дека посети не е исто со уникатни посетители. Time.mk имал 228.025 посетители во истиот период.

Сите овие бројки значат дека Time.mk не само што ги собира вестите за читателите, туку и генерира огромен интернет сообраќај за медиумите. Иако зависи за кои медиуми. Тоа што категоријата „Спорт“ е најпосетена, повеќе од категориите „Македонија“ и „Живот“ заедно, кажува многу за квалитетот на останатите вести, но и за тоа што всушност ги интересира читателите.

1 коментар на “Time.mk надмина 2 милиони посети месечно

  1. Значи тие 228.025 посетител (што е многу поважна бројка од онаа поголемана) го отвориле сајтот по 10 пати во тој период, што е и нормално, поради природата на сајтот (број на нови содржини и време на освежување на пример).

    Најбитна е „уникатната“ бројка, само нели, 2 и 6 нули е далеку повеличествено од 2 и 5 нули. ;)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии