Time.mk ја отвори архивата на македонските медиуми од 2000 до 2012 година

Time.mk, најпосетуваниот македонски веб агрегатор на вести, од денес во функција ја пушта својата нова опција преку која ќе може посетителите да ја пребаруваат архивата на македонските медиуми. Архивата на македонските онлајн медиуми е достапна преку time.mk/arhiva/.

Откако ќе го впишете вашиот клучен збор за пребарување, ќе бидете пренасочени на страница која ги содржи сите вести поврзани со тој клучен збор, а истите можете да ги филтрирате според извор и период. Резултатите можете да ги сортирате временски, односно од најскоро објавени до најстари, или обратно. Исто така, на таа страница можете да го видите и бројот на агрегирани вести од дел од медиумите во Македонија, како и од која година датираат нивните статии.

Уште еден начин на кој можете да пребарувате содржина е со графички приказ, преку кој можете да видите точно колку вести поврзани со вашиот термин се објавени на одреден ден и брзо да пристапите до сите статии објавени од тој ден.

7 коментари на “Time.mk ја отвори архивата на македонските медиуми од 2000 до 2012 година

  1. @МкРобот браво за идејата и реализацијата!

    Имате некој проблем со датумите, вести од 2006-та ми ги дава како од 2002-ра. Тоа ми е првиот впечаток. Се надевам нема други проблеми, а овој ќе се најде начин да биде исправен!

    Дали тиме.мк има копија кај себе од архивираните текстови? Би било добро да има, ама се плашам дека е дозволено…

    1. Уште еден проблем: ми дава да листам само 15 пати по 10 страни, што е доста помалку од вкупниот број на резултати (над 2000) што го добивам со едно пребарување

  2. Игор, имам јас од Најди нешто од првобитниот сајт на Шпиц. Но мислам дека после нешто изменија и не сум сигурен дека воопшто постоеше архива… Петар

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии