Тime.mk го возвраќа ударот: Линковите се јавна сопственост

Oткако се отрки и дека Утрински весник, Дневник и Вест ќе им се придружат на другите .мк медиуми и ќе се повлечат од Time.mk од кој бараа паричен надоместок, агрегаторот го смени начинот на работа и реши да ги објави медиумите повторно.

Во блог пост, основачот на Time.mk, Игор Трајковски, објаснува дека најпопуларниот .мк сајт ќе продолжи да им ја агрегира содржината, но овој пат тоа ќе го прави само со линк и наслов. Линковите ќе бидат собирани рачно т.е. од самите читатели на Time.mk кои ќе ги испраќаат на имејл [email protected]

„Иако законот за авторско право не е експлицитен во однос на оваа проблематика, решивме да го почитуваме нивното барањето, така да одсега нема да се прикажуваат кратки делови од нивната содржина (до 180 букви) и мала слика (80 пиксели), туку ќе се прикажуваат само јавно достапните линкови кон нивните страници. Линкови кои можат да се најдат на сите социјални мрежи, блогови, комерцијални сајтови и други локации на интернет.“

Според него, линковите се јавна сопственост и фундаментален темел врз кој почива интернетот.

„Правото на референцирање е фундаментално право на говор и основа за било каква дискусија. Право на секој поединец или фирма е да креира, користи и дистрибуира линкови до било каква легална содржина на интернет. Тоа се патоказите до содржината која го креира општественото мислење. Наше (како граѓани) фундаментално право е демократски да ги бираме и користиме патоказите по кои ќе се движиме.“

98 коментари на “Тime.mk го возвраќа ударот: Линковите се јавна сопственост

  1. Интересно е кога сите што до вчера користеа пиратски (краден / нелегален) оперативен систем и куп пиратски програми (а многу од нив и сè уште користат, ако не на работа, дома сигурно!) денес ќе се испотепаат за „авторски права“. А и ден денес, многу „агенции“ воопшто не назначуваат од каде ги преведуваат статиите (и дали имаат дозвола) и од каде им се сликите.

    А размислувате за тоа кога ќе симнете некој филм или албум? Каде се тогаш авторските права на авторите / издавачите? Ама како и за куп други работи во „нашава ни мила“ земја, секогаш важи паролата: „Додека не те фатат, снајди се како било!“

    Без работна етика, морал и 'рбет, „некаде“ се стигнува!

    Поздрав!
    В.

  2. ФАКТ Е ДЕКА TIME.MK Е ПОИМ ЗА ВЕСТИ ВО МАКЕДОНИЈА И БРАВО ЗА ДЕЧКИТЕ ШТО ГО ОДРЖУВААТ И ГО РАЗВУВААТ! KEEP IT SIMPLE!

    КАНАЛ 5 и СИТЕЛ НЕКА НЕ МИСЛАТ ДЕКА СЕУШТЕ ТЕЛЕВИЗИСКИОТ МЕДИУМ ГО ВЛАДЕЕ СВЕТОТ! Може да им кажуваат на баби и дедовци, а од техничка страна и сами може да си го ограничат превземањето на содржини од агрегатори. Но зошто не го прават тоа?
    Прво – не знаат!
    Второ – не сакаат пошто нема да им котираат на search engine-ите. хаха … епа и TIME.MK e еден вид search engine за вести!

    Од моја страна гледано daily.mk најдобро играат за оваа цел! Народно кажано – ако сакате да не Ви земаме содржини од сајтот ставете си robots.txt file и дефинирајте си ги сами правилата каде да се прикажуваат вашите вести а каде не!

  3. Ако имаат канал 5 ставено „Copyright ® 2009 Забрането е објавување на линкови, парцијално или целосно превземање, користење или реемитување на текстуални и видео содржини од овој сајт, без претходна писмена дозвола или посебен договор издаден од Канал 5 ТВ“, тогаш зашто ги имаат ставено копчињата за „Share“?

    Лично мислам дека ќе биде тежок изборот за #фаил.мк на годината!

    1. Тоа ти се вика поттикнување на криминал :D Многу добра финта.

      1. Правам веб страна
      2. Ставам во Copyright дека забранувам линкови да се постираат кон сајтот
      3. Ставам на сите страни Share копчиња :D

      Има малце шетање по судови, ама сигурно ќе се земат добри пари за прекршување на авторски права. :))

  4. Типов од Тајм го подржував до скоро, али сеа почна да манипулира и да мава на демагогија. Линкови ово, линкови-оно.

    Никој не му брани да има линкови и патокази, што мава манипулации сеа глуми жртва. Го подржував до сеа, али сеа почна да прати финти детски провидни. Дури ставил банер "Линковите се јавна сопственост" —> кога линковите никад не ни биле спорни.

    Моментално мава класичен StrawMan http://en.wikipedia.org/wiki/Strawman

    A straw man is a component of an argument and is an informal fallacy based on misrepresentation of an opponent's position.[1] To "attack a straw man" is to create the illusion of having refuted a proposition by replacing it with a superficially similar yet unequivalent proposition (the "straw man"), and refuting it, without ever having actually refuted the original position.[1][2]

    1. Иначе чисто за информација, Гугл трга линкови у рок од 24 часа ако побараш да не те индексираат и да немаат линкови према тебе. Значи се мешаат две работи тука. Т.Е ги меша професоров

      1) Не смеел никад да зема параграфи и фотографии цели копи – пејст да им прави без да побара дозвола, и тоа си е кривично дело

      —> Ја имам другарче фоторепортер што ЦЕЛ ДЕН е на наога за тие фотографии. За таа една фотографија што вие ја гледате, некој потта си ја испотил. А ако медиумот не заработи доволно ,него прв го отпуштаат, фоторепортерот

      2) ИМАЛ ПРАВО да линкува без да побара дозвола, и никој не ни тврди дека немал право да линкува. Меѓутоа, доколку му се побара да не линкува према нив, треба да го испоштуе тоа. Не мора, меѓутоа морално е.

      Гугл одма те де-индексира и трга линкови према тебе ако бараш. Исто е фејсбук.

  5. пазете ова е за слики, не за текст…

    Time.mk поради очигледни причини е број 1 најпосетен сајт во мк, бидејќи дава огромен бенефит на обичниот граѓанин кој несака да троши 10 минути одејќи на сајтовите на сите вести туку сака да види набрзинка што наслови има и ако е заинтересиран повеќе да оди на сајтот на медиумот.

    Би било смешно ако медиумиве би победиле во случај да има судски процес бидејќи ќе испадне дека имаме построги copyright закони од Америка (тоа не го покажуваат истражувањата од светскиве агенции, напротив на дното сме), или дека има огромна корупција во судството.

    1. ===>пазете ова е за слики, не за текст…

      Имам другар фото-репортер. Знаеш колку го мучат човекот? На нога е цел ден и се скапува од работа да постигне да има фотка од сите настани. Еден настан у село некое, друг настан у некој град…

      Луѓе мислат фотките на дрво растат? Знаете колку без-работница е за фото-репортери у Македонија и колку често не можат да бидат исплатени зашто весникот на вади доволно пари?

      Ако тајм објавува фотките без да сподели од профитот, тоа значи дека весникот губи на профит, и после кој ќе биде отпуштен прв? Фоторепортерот. Не се веснициве влада па да им растат пари на дрво…Не ги прават роботи тие фотки бре луѓе, човек се скапува од работа да ги направи тие фотки.

      1. Ако скапува од работа и не му се исплати, нека си ја проба среќата тукa: istockphoto.com ; тие фотки може да се објават како опис за линк со краток текст.

      2. ти сакаш да видиш што се случило некаде или сакаш да видиш слика од црнец у пустинако ти зборат за охрид?
        каков забеган тип

      3. Па зашто професорот не користи сток-фотки а?

        Зашто професорот краде туѓи фотки место да си лиценцира од iStock убаво лепо?

        Кога професорот крадел фотки од медиумиве, исто ко директно да брцал у џеб на фоторепортерот.

  6. Вака..мислам дека нема логика тајм да се споредува со Фејсбук како корисници објавуваат ствари и така кршат авторски права итн итн…бидејќи корисниците го прават тоа, не Фејсбук директно, и фејсбук несмее да ги мониторира нив.

    АМА ајде да споредиме со ГУГЛ. Пишете site:kanal5.mk на Гугл и идете на Images. Пишете site:kanal5.mk и идете на Web search. Пишете "африка site:kanal5.mk" и видете како Гугл ги рангира резултатите.

    Да, Гугл ги зема сликите од канал5 и креира thumbnails од нив, да, Google ги презема titlovite i description на вестите и ги става кај нив. И да, во позадина Google ја презема целата страна и ја обработува и ја прикажува на x позиција зависно од тоа колку е релевантна. СОСЕМА ИСТОТО што го прави и time.mk

    Она што го додале вест беше смешно дека несмее да се презема и да се обработува содржината, епа тогаш земете и додајте noindex за да ве снема сосема од гугл бидејќи тие го прават ова на вас 24/7.

    И да, Гугл исто така става реклами горе и десно кога ќе барате содржина за истите овие сајтови.

    Зошто сите не го судат Гугл за ова како што типов од канал5 рече дека канал5 сакаат да го тужат Игор? Бидејќи постои една работа во copyright барем во Америка што се вика http://en.wikipedia.org/wiki/Transformativeness.

    Во случајот Google vs. Perfect 10, судот го досуди следново:

    "
    …We conclude that the significantly transformative nature of Google’s search engine, particularly in light of its public benefit, outweighs Google’s superseding and commercial uses of the thumbnails in this case. … We are also mindful of the Supreme Court’s direction that “the more transformative the new work, the less will be the significance of other factors, like commercialism, that may weigh against a finding of fair use.”"

    А

  7. Да имам малку власт и моќ би забранил во Македонија да има интернет провајдери, за вакви луѓе само црн бел телевизор и само МТВ. Па ќе си носиме титула најглуп народ.

    Такви како канал 5 ги има на секој чекор, само дајте им поддршка. Канал 5 до вчера немаа сајт, беше една од послабите телевизии, се задвори А1 и ете ги, по нивните стапки.

  8. Хаха и футерот на страната го смениле, значи кои патетики се овие од Канал 5, конкретно.
    " Забрането е објавување на линкови…" не знам кој тупак го пишувал ова, но знам дека поима нема како функционира интернетот.
    Отакако оној од тајм.мк напиша дека ке користи линкови овие и користењето на линковите го забранија. (Еј човече, забранија линкување, читам и не верувам).
    Што е следно, да забранат користење на светско ниво на зборовите кои се сретнуваат во нивниот текст..?
    Патетики, патетики…

  9. Учете од time.mk. Не бидете алчни за пари. Подобрете го Вашиот производ. Направете конкуренција. Дозволете светот да се наддава за нашите производи. Трудете се и креирајте македонски производи и при тоа не ги уништувајте постоечките.

  10. Глен, до сега најглупо објаснување и изјаснување што го прочитав.

    Ај ве молам кажете ми дали е ова авторско право http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=51&egId

    1. Дали имате дописници од местотото каде е напишана веста.
    2. Дали преведеното од друга, трета или петта страна се смеата за авторско дело?

    1. Тоа е не е авторски текст, ама ова е авторски текст http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId
      Можеби не е за пулицерова награда, ама дописничката од Охрид отишла или се јавила на две места, земала изјави и тоа чини пари. Малку, ама чини. Канал 5 секој месец и плаќа хонорар, мал најверојатно, ама и тоа чини пари. И сега некој некој друг ќе си направи copy-paste и ќе си го објави кај себе за без пари.
      П.С. cherry picking isn't a nice thing to do :)

      1. Значи канал 5 исто така работи на преведување односно „краде“ статии од странски сајтови. Ајде веќе кога сме таму 90% од порталите работат на тој принцип, па ке почнам јас нов бизнис, ќе почнам да кодошам зашто да не, кога веќе можам да заработам и на тој начин, малку, но не многу пари :)

        До пред 2 дена доле во футерот сосема друго пишуваше, сега друго пишува….Канал 5 до вчера немаше никаде објавено авторски права, приватност, услови за користење и тн, сте најмиле адвокат и ви кажал што треба да правите, но касно.

        Тиме.мк не ви ги нарушува авторските права, не ви ги копира текстовите и не стои извор ТИМЕ.мк.

        Зашто имате категорија Спорт (НБА), кога копирате односно преведувате текстови од други сајтови, зар тоа не е нарушување на некој закон?

      1. 1. Не работам во Канал 5
        2. Речиси се што кажа е точно, дури може слободно да се каже дека бројката од 90% е ниска :)
        3. За странски вести, македонските mainstream медиуми се претплатени на најмалку две светски агенции, најчесто AP i Reuters, а зошто не пишуваат дека им се од нив информациите не знам, ама важно плаќаат за тие текстови, вклучувајќи ги и тие за НБА и за ЦИА. Дополнително, многу информациите им се преземени од МИА, а и тоа е регулирано меѓу медиумите и МИА.
        4. Дека има политика во случајот со time.mk, има
        5. Дека не им се најчесни намерите на медиумите што си заминаа од time.mk, не им се
        6. Дека има љубомора и завист од горенаведените кон time.mk, има
        7. Дека сопственикот на time.mk кажа дека неговиот сервис функционира на доброволна база, кажа
        8. Дека работите се црно-бели (time.mk е во право, останатите само матат нешто), НЕ СЕ

  11. Зашто мислам дека Time.mk е во право:

    #1. Логирајте се не фејсбук
    #2. Одберете било која статија да речеме од Сител
    #3. Споделете ја на вашиот фејсбук профил
    #4. Статијата излегува со наслов, краток опис и слика

    Сега прашањето е зашто Сител, Канал5 и останатите не ги тужат фејсбук каде што нивната содржина се споделува, а добро знаеме дека Фејсбук заработува од реклами.

    Ако МК Медиумите сакаат да заработат на ваков начин, нека стават payment системи на сите страници и линкови, па нека наплаќаат директно од читателите.

    Мк Медиуми = FAIL

    1. по милионити пат:
      ти генерриаш нешто од кое немаш корист.
      во/на социјални мрежи, корисниците генерираат информации кои се отворени/затворени, но без профит.
      тиме.мк генерира профит и тоа според тоа колку медиуми има колку релевантни вести има и слично.

      прво беше дека секој може да си оди слободно.
      кога виде дека му падна посетеност (а тоа ќе го плесне по џебот) му текна дека мора сите медиуми да му се под команда.
      е тоа е лакомост.
      ајде ќе пројдеме преку таа лакомост.
      нека ги тргне рекламите, нека објави како се рангираат вестите, нека добие дозвола за споделување на информациите … па ќе си работи нормално.

      компарации со гугл (пребарувач), фејбук (социјална мрежа) се за мали деца кои не разбираат 2 поима на интернет. а дискусијава не е на некој глуп форум туку е на ит.ком.мк, па ме интересира, имате ли вие поим од ит или сте само присутни колку да се коментира?

      кукање дека другите вака другите онака е за по дома.
      100 души поминале денес на црвено, 10 се казнети. тие треба да кукаат дека има и други 90?
      не бе, има да си платат.

      1. Мало, ама битно дообјаснување од мене, бидејќи гледам сите се фатиле за Фејсбук. Разликата во случајов е што time.mk ги постира линковите, а Фејсбук самиот не постира ништо. Сега истата финта сака да ја направи и Игор од time.mk, демек него му ги праќаат линковите, а он само ги објавува.
        Too little, too late.
        П.С. time.mk неодамна доби награда за најинформативен сајт во Македонија и така гордо си направиле банер по тој повод. Кои информации ги објавил time.mk, нели е само агрегатор на вести.

      2. Сепак некој има! Линк како линк, каде сакам и како сакам ќе го објавам, ти или било кој друг не ми можеш буквално ништо ако објавам линк.

        Милиони (!) сајтови работат на истиот начин, па вакви збрки не се случувале.

        Значи, ти си кренал вебсајт на http://www.tvoeime.com.mk/tvoja-stranica – јас ако сакам ќе линкувам до тоа, па ти од таму наплаќај, прави пусти. Ако не ти се допаѓа како функционира интернетот, направетe си VPN таму у Канал5.

        Ајт создравје

      3. Значи, на крајот, сепак некој има корист, а тоа е фејсбук. А колкава е моќтта на вашите патетични медиуми за да искочи на крај со Фејсбук == 0.

        IT.com.mk да, затоа што мојата работа е буквално поврзана со овие работи.

        Ако сакам сите линкови ќе ги ставам и ќе ги наредам со реклами, ти не можеш буквално ништо. Ако тоа ти пречи, тргни си ги страниците кои претходно си ги објавил.

        Кој те учел тебе ти се чудам, квази информатичар. Си го утнал времето 20-30 години.

      4. стави линкови, не смееш да вадиш текст од нив.
        тек па авторски фотографии.

        твојата работа е поврзана, а не ја познаваш основата.
        остај ти ферплеј и остали срања. регулирано е со закон ова.
        докторот го прекршуваше законот, на некои им прекипе, поготово кога докторот очигледно напраил дил со тајфата на милчин. епа штом нема фер плеј од него, а крши закони при тоа, како сака да се повикува на фер игра?

        значи ем краде, ем фер да играле другите и да го остават во крадењето, ама ај што краде па и лаже (за тоа дал има вошки долги гаќи и дал на таван спие, не ме интересира)

  12. Сите тие што плукаат по time.mk време да се свестите малце. До кога ќе се понижуваат наши македонски производи. Наместо да гледате да се зачува time.mk вие настојувате да го уништите. Па бара ли некој пари од google.com за сите линкови што излегуваат таму ??? Дали ако time.mk стане интернет пребарувач ќе му бидат простени "гревовите" за агрегирање на вести ? Со ваква алчност од веб порталите нигде нема да се стигне. Срамота !!

  13. Вработен во Канал 5,
    Вашите текстови горе, заканите за тужби и слично, во недостиг на аргументи, нормално се полни со емоции и глупости.

    Сега стереотипот за новинар, бравотен во медиум ми е дефинитвно порврден. Текстови како вашите горе ќе се изучуваат по предметот Психологија, Демагогија, Социологија, во контекст на длабоко пореметена личност. За Иван Мирчевски ќе има посебен предмет.

    Со тужби се заканувате еј, а цмиздрите пред судови секој ден за да ви ги повлечат тужбите за клевета.
    Јеботе колку забегаа луѓево еј.

    1. 1. Не треба да имаш стереотип за новинар, БраВотен во медиум. Не може стотици новинари да ставиш во еден кош.
      2. Има разлика меѓу тужба за повреда на авторски права и тужба за клевета.
      3. Како што може да се види, овде цмиздри само time.mk, веројатно бидејќи се чувствува загрозен.
      4. За Иван Мирчевски ќе има посебен предмет, се согласувам

      1. Абре невработен, како тоа вестите се авторски права? Ти пишуваш за мојот живот (замени ме со некоја VIP фаца овде) и потоа ти имаш право над текстот, а јас не…

      2. Абре Дедо Мраз, не сум невработен, туку само не сум вработен во Канал 5, ама тоа не е битно. Вестите не се само за ВИП фаци, постои и категорија авторски текст, кој е заштитен со Законот за авторското право и сродни права (интегрален текст објавен во Сл.весник бр.23/2005), ако воопшто си чул дека постои такво нешто. Во Македонија постојат и авторски агенции, ако нешто не ти е јасно, прашај таму, ќе ти објаснат.

      3. Типче, очигледно поима немаш за што се пишува, па ми се расфрлаш со службени весници и слични ствари.
        Симни си го законот за авторски права, еве ти и линк, http://www.slvesnik.com.mk/Issues/F469FDB63C32AB4… и убаво си го прочитај пред да трескаш глупости. Посебно обрни внимание на член 16 (Незаштитени творби) кој се однесува на тоа што не се смета за авторско право, став 3, каде што убаво вели:
        Како авторско дело, во смисла на овој закон, не се сметаат:
        3) дневните и други вести кои имаат карактер на обични – медиумски информации, едноставни факти и податоци.
        Сака да ти каже, не можеш ти да пишуваш за тоа како му се запалила куката на Перо (ајде еве ти не-ВИП личност бидејки очигледно не ја свакаш поентата) и истото тоа да го сметаш за лично твоја авторска сопственост.

      4. Во член 12 од Законот за авторски права убаво си пишува дека НАПИСИ И СТАТИИ влегуваат во авторски дела. ,Делот за обични медиумски информации, едноставни факти и податоци, кои што не се сметаат како авторско дело се однесува на временска прогноза, курсна листа, возен ред и слично.
        Е сега, ако мислиш дека се што е објавено во медиум е јавна сопственост, тогаш нема што да се убедуваме. Само провери кај било кој познат светски медиум (BBC, CNN, NYTimes) што пишува под Terms of Use, па ова што го бараат нашите ќе ти изгледа смешно малку.

      5. Ојдох јас, нема поента веќе расправата. Јасно ми беше цело време дека ова е исто како дебатите за и против пиратерија. Џабе објаснување, кога некои луѓе мислат дека се што е на интернет е бесплатно. Не постои free lunch, дали сервисот ќе се наплатува преку претплата или ќе биде бесплатен, па ќе се финансира од реклами, некој мора да плати.

  14. Во Македонија постојат најмалку
    – 15 агрегатори на вести (без разлика дали ги кластерираат вестите или не) кои споделуваат линкови од извори на вести
    – најмалку 1.000.000 луѓе кои споделуваат линкови на facebook од истите тие извори (Да пријатели, facebook продава реклами и од реклами е 100 проценти од профитот)

    Дали ова значи дека следува во МК:
    – забрана за споделување линкови и наслови од тие линкови
    – забрана на емисиите кои говорат за дневни теми читајќи ги дневните весници
    – тужба против сите 15 агрегатори на вести
    – тужба против 1.000.000 луѓе во Македонија како и тужба против facebook затоа што дозволил ширење на "авторски заштитена содржина" т.е. линк до вест.

    п.с. ако видам дека во некој весник или телевизија кажат дека мужот и го фатиле со швалерка, можам слободно да и кажам каде сум слушнал за тоа или може да кажам само:
    – Маро, купи си весник може ќе најдеш нешто интересно за тебе!

    п.п.с Известувањето на комшиката го правам од комерцијални причини, ми рече дека ќе ми плати пари (200 евра, машала ) ако и дадам информација дека муж и има швалерка.

  15. ај малку ќасови за вас, батињата…во Канал 5 сум 5 години,
    1.Слобода на медиуми, не значи бесплатни медими бре ! Слободни медиуми значи независни од политички или економски притисоци
    2. Јавен Линк – најди ми дефиниција во некој Законик за ова?! Ова е masterpiece на Докторот , ем универзитетски професор – кога ти тропа законот на порта, ќе повикаш пријател, пардон Милчин, и ќе ти кажат каква „зелена“ да скинеш
    Иначе тужбата ќе била на 70.000 евриќи, помножено со Сител, Непресс, Дневник, Курир, Вест, Утрински…со олеснителна околност дека Докторот е Универзитетски професор од ваков калибар – cca 300.000 евра.
    Ах , ќе заборавев,веќе почнуваат да се информираат другите медиуми од регионов, така да Докторе, не е лошо да играш Euro Lotto, обично главната награда е 5-6 мил. евра….

    1. ајде ти дај ми дефиницја за јавен линк кога си толку паметно новинарче.

      Дали не е ми е дозволено линк од некоја статија на Канал 5 да објавам на мојот Фејсбук профил и со тоа Фејсбук да прави пари од рекламите оддесно?

      Зошто не го тужите Facebook за 70 000 евриќи помножено со Google+ па и Twitter и милион други сајтови според твојата шуплива логика?

      Ах бе лакомштија пуста што прави.

    2. Nema vrska, Sitel i drugite ne se bunat, samo Kanal5 probale da smenat IP. Plus Kanal5 si pecalat od TV proekti, od sajtot sekako nemaat kjar.. golemo cudo deckoto ako zemal 500 evra mesecno. Taka da mislam deka e kraj na prikaskata tuka. Dobro se zavrsi, site srekni.

      1. а на facebook ?
        И тие продаваат реклама.
        Според логиката твоја и на медиумите не треба никакви линкови и на facebook.
        WTF ?

      2. а на Фејсбук? Смее ли на Фејсбук или на Google+ да објавам линк, иако таму не заработуваш ти, заработуваат соодветните фирми. Пропала ти је логика.

        Ајде излези од глувчешката дупка и одговори на прашањето.

      3. Facebook, Twitter, Google+ се user generated content. Нормално дека смееш. @Miladin Miladinoski, сам си кажа дека тој што постира линк нема никаква корист и затоа се вика personal use и ме мрзи понатаму да објаснувам. И онака имате објаснување на http://it.com.mk/eu-presudi-drushtvenite-mrezhi-n
        Само за коментари сте дошле на сајтов, не читате други статии :))))))

      4. И не мешајте „повикување на текст“ и „објавување линк“, тоа се две различни работи. „Повикување на текст“ значи да напишеш „Вест/Дневник/Канал 5/Сител објави дека…“ и врз основа на тоа да си составиш свој текст и да го објавиш како свој авторски, а „објавување линк“ е јавна работа, како што кажа Игор од time.mk.

  16. А бре батиња…вие само вртете си ја приказната на своја воденица…На сајтот си стои дека сите права се заштитени, а Докторот, просто речено – краде…или, нешто што некој поседува, и не му дава да го користи, тој си го зема…тие прикаски за линкови, на друг да му ги зборите…прочешлајте колку пати google имал судски процеси и колку изгубил, и тоа без да има реклами
    Иначе, Јавно достапна информација, е онаа која тој што ја создал ја оквалификувал како таква. Ние во Канал 5 имаме 38 новинари кои работат за плата, и нашите информации не се јавно достапни…исто како и оние на МИА кои се плаќаат…
    Ама си постојат судови, само не знам, вие шо го залажувате „универзитетскиов професор“ , ќе му позајмувате ли пари за да ги плаќа отштетите? или после сеир ќе гледате?

    1. Вработен,
      1.Во секоја нормална држава, ситуацијата треба да е тотално обратна. Вие, како медиум, треба да сте тие кои треба да му плаќаат на Time.mk.

      2.Дали ова значи и дека ќе се "тргнете" другите агрегатори.

      3."Слобода на медиумите" ви е мантра изгледа само за специјални прилики, кога на пример ќе ви дојде инспекција.Зарем ова е "слобода на медиумите" ? Time.mk е медиум. И тоа за ова време, најдобра форма на медиум.

      4.Одам да гледам Fraiser.

  17. Nego ne mu e problemot sto mu nametnaa da ne gi prikazuva, problemot e sto mu zabranija da gi PRISTAPUVA t.e. obrabotuva, a doktorot se trudi da ja izvrti vistinata velejkji deka linkovite se javni. Da javni se linkovite, megjutoa koristenje na celata sodrzina koja se pristapuva so linkot vo komercijalni celi bez nikakov nadomest ne e dozvoleno, a sodrzinata se koristi so cel da se presmetaat slicnite vesti od drugite mediumi. Toa nosi poseti, a posetite nosat pari! Plus ima i slucaj od pred nekolku godini kade istiot toj gazda od timemk im zabranuva na deckite od kajmak.ot da prevzemaat negovata sodrzina so cel da kreiraat RSS feed koj togash time ne go ni davase! E drag moj doktore se osvestija site, se obrazovaa i milo mi e sto go iskoristi periodot koga drzavava ni bese selo bez kucinja vo IT sektorot i mediumite!

  18. Aaa decko, ti debelo se lazes.. Stom si stavil javen link bilo koj moze da go spodeli (valjda i naslovot).. Ako ne sakas da se spodeluva linkot stavete si najavuvanje, ne objavuvajte vesti na net kako fokus :)

  19. Види, значи не може нешто на сила…ако ние не му даваме да објавува линк, не смее да објавува…тоа како да ставиш на твојата кола налепници Кока Кола или било кој друг бренд…ќе добиеш тужба дебела, макар ти објаснувал дека тоа им е реклама…Со ваков ум не знам кај го добил докторатот…свака част
    Ќе прајме муабет за едно 3-4 месеци кога ќе почнат процесите…

    1. Абе типче, иако си вработен во петката, како што велиш, ти изгледа не разбираш што е јавно достапна информација.
      Имате ли вие на вашата веб страна услови за користење на истата и информации од истата каде што нагласувате тој и тој може да ја користи страната, а time.mk не може? Не, така? Епа тогаш можете со тужбата само да му се фатите за RSS-от, бидејки веста е јавно достапна и секој може да ја користи.

      1. секој, за приватни потреби.
        во спортивно идат тужби.
        има и лиценци за софтвер бре, па писмени сте тука. за приватна употреба има фри, за комерцијлана, се плаќа.
        што се праите наудрени?

  20. Kanal5, covekot ne krade tuku samo objavuva linkovi do vasite vesti. Sega e sporno sto vo top vestite sekogas izleguvaat vesti od mediumite na opozicijata t.e. ne mu raboti kako sto treba algoritamot za rangiranje.. so toa se naveduvaat citatelite na odredeni sajtovi (za razlika od tie sto se otkazaa od time)… a bidejki citatelite razbiraat sto citaat ke go voocat ova i ke go smetaat time za opoziciski "medium" za citanje vesti (site vesti na naslovna od sky, +info, 24vesti, alfa :D .. ako toa e poentata na time neka prodolzi vaka)

    1. normalno deka ne e toa poentata.

      a sto da pokazeme ? ne smee tekst, ne smee slika. samo link ostana.
      zatoa kje ostanat vo connected news.

      zar podobro e ich da gi nema ?!?!?
      vaka ako te interesira bar kje moze da vidis sto pisale na taa tema.

  21. Ја сум можеби „безначајна фигура“ ама гледам дека се скинаа од смеење „значајните“ фигури на ова твое објаснување, и ми рекоа дека у живот не добиле меил од тебе…и ми го споредија овој твој меил со следново…ти ни пишуваш, Господо од Канал 5 ТВ, ја ќе ви крадам инфомација ќе заработувам на нив, а вие , ете , колку да си знаете…
    Докторе, веруј ми, не би сакал да сум ти у кожа…

  22. Ова би помогнало за подобро функционирање на Time.mk и ваша поголема
    застапеност на истиот. Истата процедура би можеле да ја повторите секогаш
    кога менувате дизајн или додавате нови категории.
    Се надеваме дека не е тоа толку често.

    Time.mk секојдневно работи автоматски да ги решава овие проблеми
    доколку се појават, но некогаш кога менувате дизајн или додавате нови категории
    (RSS-и) може да не успее да се прилагоди па е потребна рачна интервенција,
    која секако би била побрза доколку навреме не известите.

    Исто така за било какви забелешки, грешки и сугестии слободно контактирајте не.

    Ви посакуваме успешна работа и се надеваме на
    понатамошна соработка.

    1. Ја сум можеби „безначајна фигура“ ама гледам дека се скинаа од смеење „значајните“ фигури на ова твое објаснување, и ми рекоа дека у живот не добиле меил од тебе…и ми го споредија овој твој меил со следново…ти ни пишуваш, Господо од Канал 5 ТВ, ја ќе ви крадам инфомација ќе заработувам на нив, а вие , ете , колку да си знаете…
      Докторе, веруј ми, не би сакал да сум ти у кожа…

  23. Канал 5 ќе го тужи г-динот Доктор по овие основи и тоа:
    – пријава за стопански криминал
    – злоупотреба на авторско право и заработка на истото
    – надомест на претрпена штета
    – ќе му достават фактури за цела 2011 и оваа година на мрсни суми
    Докторот бадијала оди кај адв. Пепељуговски, затоа што ништо нема да го испере…и на крај ќе се прашате…зошто?
    Поради другарите му од Сорос…не знам дали они ќе му ги надоместат казните

    1. Pocituvan "vraboten vo Kanal5" sigurno ste nekoja nezabelezitelna figura vo televizijata
      pa ne stigaat site poraki do vas:
      Ovoj email se prakja ednas godishno na site izvori na time.mk
      Kanal5 vekje 3 godini znae za rabotenjeto na time.mk i po negova zelba mozese
      da prekine da bide indeksiran vo bilo koj moment.

      ==================================================
      Почитувани,

      Овој емаил е наменет за веб-мастерите, или соодветни одговорни лица,
      на веб-страниците кои се индексирани на Time.mk, а нив можете да ги најдете
      овде: http://www.time.mk/source/all

      Би сакале прво да ни потврдите дека вие сте правата личност за контакт,
      кој е одговорен за дистрибуција на вашите вести.
      Доколку ја немате таа функција, ве молам препратете ја оваа порака на
      соодветната личност во вашата организација, но доколку знаете да одговорите
      на прашањата, би можеле и вие да одговорите.

      За подобра соработка и взаемен бенефит на вашата страница и Time.mk,
      би ве замилиле да проверите дали сите ваши најнови статии (од сите категории),
      се застапени на Time.mk. Кога ќе кликнете на вашиот медиум во листата на извори,
      се појавуваат последните 50 вести од вашиот медиум (ако има повеќе од 50 во
      последните 2-3 дена) или толку колку што се во последните 2-3 дена
      (зависи од сајтот и типот на вести кои ги објавува).

      Би ве замолиле да не известите доколку недостасуваат некои од вашите статии,
      со приложување на линк до категоријата (или RSS-от) каде може да се најде
      таа статија, а истата ја нема на Time.mk.
      (напомена: доколку текстот на веста е помал од 10 збора, истата се игнорира).

  24. На страна од финансискиов дел, мене друго нешто не ми е јасно.

    Ако сега од „избеганиве“ медиуми ги објавува само насловот и линк до веста:
    1. Каде е тука релевантноста?
    2. Нели тајм ги анализираше и врз база на содржината ги групираше?
    2.1 Ако сега влече само наслов и линк, врз основа на што ќе се групираат, сортираат и прикажуваат вестите од овие медиуми?

    1. Он пак во позадина ги превзима целосно вестите за да може да ги анализира/групира. Но пред јавноста за да биде чист и се да биде регуларно , кажува дека вестите (насловите) му ги праќаат преку мејл и после он ги додава

    1. ај дека се е до парите
      еве нек ги тргне сите реклами тајм.мк и нека функционира со јавно објавен код (да видиме колку е фер рангирањето на вестите)
      па да видиме дали некој ќе се буни

      (да и да се држи до правилото за рсс)

      1. time.mk првите неколку години без реклами функционираше.
        Рангирањето е објавено во статија, мислам дека ја има и на самиот сајт некаде.

  25. Абе ама го возрати ударот ги уби.
    Кој лузер е човеков,прво се џилиташе дека може без нив и дека они ке настрадаат,а сега со сила ке ги објавува.

  26. сеуште го крши законот.

    1. се споредува со гугл и тоа погрешно:
    на гугл, јас пребарувам соодветен наслов, па тој ми дава резултати. рангирањето е такво какво што е.
    нит тајм е пребарувач, нит рангирањето е според кликовите/содржината/веродостојноста (инаку сорос медиумите никад нема да бидат први)

    2. рсс вели дека е за приватни потреби а не за комерцијално користење. тој што го срочил тоа секако ги имал во предвид агрегаторите.
    агрегаторот зема авторски текст и го поставува со свои реклами. значи не е за приватни туку комерцијлни потреби.
    тоа е огромна работа.

    3. плачењето дека имало политика и не било фер.
    па зар тој играше фер до сега? или фер е само кога тој кешира, а кога ќе му кажат да ја врати играчката (нек биде среќен што не му репнуваат тужби па да не знае главата кај му е) тогаш партии, притисоци и што се не.
    а за фер … нек објасни како тоа скај и +инфо и останатите сорос копи-пејст срања скоро редовно беа први на листата за некоја вест. според релевантност на медиумите? количеството на информација? при ја објавиле? последна објавена? ништо од тоа не исполнува па сепак беа први.

    нек порасне професорот, нек си избрише мрсулите и нек не плаче.
    а посебно да не плука во бунарот од кој пие.

    1. Томе, според законот за авторски права, дневните и другите вести не се сметаат за авторски дела, така што ако на весниците тоа им пречи нека почнат да пишуваат книги, наместо вести.

      Еве и слика: http://twitpic.com/8i5t0h

      За останатиот дел од коментарот, ќе речам дека говори за твојата (не)култура.

      1. Најголем дел од вестите за македонија се авторски труд на новинар. Некој акал пат трошел нерви средства и време за да направи сторија. Платени се луѓе што ќе лекторираат и фотографираат и ќе ја средат таа вест да биде ко што треба. Тоа не е авторски труд?
        Крши закони. ТОЛКУ. Тоа го прави криминалец и по сите правила треба да добие тужби за досегашното кршење на законите.
        Не ја бива државава оти за арамии од ваков калибар терминот е „се снашол“ наместо УКРАЛ.
        Тоа на кој принцип функционира конкуренцијата, нек се буни кај соодветно тело за спречување на монопол. Ама за да се буни професоров, треба да му е чист гзот а неговиот е и тоа како укакан.

        Се додека на сајтовите стои дека содржината е заштитена и не смее да се пренесува без соодветна дозвола, не смееш да ја пренесеш.
        Ко цреши у маало. Ако прашаш дал може да скинеш, може ќе ти дадат цело ќесе. Ако влезеш на своја рака, смее да те упука (бар у нормален свет) оти бесправно посегнуваш по и во туѓ имот.

        И дај доста плачете за тоа право на слободен говор.
        Тоа подразбира и право авторот на информацијата да наплати за неа. На кој не му се допаѓа, нек повели на интернет и нек ја бара вистината.

        п.с. За мојата култура не си достоен да коментираш ..

  27. na time ne go interesiraat linkovite kolku sto go interesira celata sodrzina na statijata za da moze da dava poverodostojni rezultati. Od naslovot na vesta i linkot nemoze da izvlece nikakov zaklucok! Znaci povtorno se prevzema celata sodrzina, a seto toa se dokazuva nezavisno kolku i da go ima distribuirano botot ;)
    mail lista… hahha objavi vo 23:59 deka ke rabot ise so mail, a vestite od blokiranite mediumi bea od pred povekje od sat :))). Neli vremeto se zema koga ke stigni mailot ? Bashka neli izlezenite mediumi ke imaat nula, null, 0 vlijanie vrz top vestite? Po se izgleda deka imaat :))))

  28. Bas me interesira koja drzava ke bide prva da go odanoci google pa google da im go skine pristapot. Da vidime koj ke izgubi poveke. Dosta vise so zakonski isklucoci i naplakanje danoci. Ostajte gi malku lugeto da razviviaat idei a ne da Ne se osmeluvaat ili toa da vazi samo za partiski vojnici.

    1. Најдобар коментар на темава.
      Сите рашириле дупе за пари па бараат и од кај што треба, и од кај што не треба. И мене баш ме интересира кој ке биде херојот којшто ке го "оданочи" Гугл. На некои пешковци треба да им биде јасно дека она што е јавно достапно на интернет – е јавно достапно. Ако не сакаш да го гледаат што си го ставил.

    1. Google go koristi opstoto dobro, se sto e objaveno javno i e na rapolaganje na javnosta, go pakuva vo servis i naplakja debeli pari od reklami i pozicioniranje na najdenite informacii. Nema da me cudi ako vo bliska idnina se zgolemi brojot na drzavi koi ke go odanocat Google lokalno zatoa sto koristi informacii od sekade.

      1. За тоа може да се дискутира само доколку навистина се случи, иако досега многумина покажаа дрчност кон парите на Google ама нешто не им успеа. А до тогаш, аргументов ама баш иш не ти држи вода, дури само покажува завист кон некој што бил паметен и успеал со својот памет и труд да заработи некакви пари. Не биди завидливо македонче, биди паметен, и ти измисли нешто па можеби и ти ќе успееш како нив.

  29. Не можам да се изначудам на некои луѓе !! Не им е доволно тоа што покрај Time.mk многу луѓе ги посетуваат нивните сајтови, па уште и пари бараат. Многу луѓе (вклучувајќи ме и мене) речиси никогаш не ги посетуваат нивните сајтови освен ако не попаднат на некој интересен линк… веројатно луѓето кои кај нив се одговорни за овие проблеми не разбираат како функционира споделувањето на интернет и уште повеќе не разбираат што и колку можат да изгубат со сето ова… ама нивна работа

    1. Миле, се гледа кој губи повеќе со последната постапка. Факт е дека Time.mk не може без нив. Па затоа сега се бори да ги врати на било кој начин. Без нив, ќе биде агрегатор на забавни содржини. Е сега размисли кој губи. Тие што ги интересира, пак ќе ги отворат тие страни. Вака ти зборуваш дека дека поради time ти ги отвараш. Е па не ги отварај тогаш. Ама не можеш и не сакаш,и пак ќе ги отвориш.

      1. Од "својата" платформа? Ако не е трудот на новинските агенции, весници,
        телевизиски куќи дали ќе функционира "неговата" платформа? Нормално дека не!
        Во тој случај тиме.мк би останал празен. Така да, малку е неблагодарно да се каже дека
        неговиот печал не е врз туѓ грб. Уште понеблагодарно е да се објавува
        "војна" на истите тие од кои што до вчера добро се заработувало.

    2. Колку за информација: најпосетуваниот сајт во Македонија (кој упорно IT.com.mk не го споменува) во последните 3 месеци има 0,006% од посетите од time.mk.
      Сакам да кажам дека time.mk ги информира своите посетители со наслови и слики и многу малку посети носи на изворните сајтови. Низ призма на приходи, ги задржува приходите од банери кај себе.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии