Утрински Весник, Дневник и Вест веќе не сакаат нивните линкови да бидат споделувани од најпопуларниот-во-моментов .мк сајт, Time.mk. Весниците издавани од Медиа Принт Македонија, ќе го следат примерот на Сител, Канал 5, Netpress, Курир.мк и др., и ќе се повлечат од aгрегаторот за вести.

Причината е повторно пари. Медиумите бараат надоместок за нивните линкови да бидат агрегирани на Time.mk. Сумата која се бара е околу 5.000 евра, открива основачот на Time.mk, Игор Трајковски во твит.

Претходно пишав за влијанието на агрегаторите на вести, од аспект на читателот, што му олеснуваат да најде објективни вести, и од аспект на медиумите кои добиваат поголема публика од споделените линкови.

Тоа што останува интересно во целава приказна е што сите овие .мк медиуми се повлекуваат само од Time.mk, но не и од другите два агрегатори на вести Daily.mk и Вуквар.мк. За Daily.mk од Канал 5 ни кажаа дека и тие како Time.mk немаат право да агрегираат содржина, и најверојатно ќе добие иста отпорност од медиумите.

Но, со Буквар.мк е комплетно поинаква приказна бидејќи овој агрегатор има договор со медиумите, барем со Канал 5, по тоа што ни беше потврдено. Уште поинтересно е што Буквар.мк започна да се рекламира и тоа на сајтови кои сè уште се на Time.mk.

Што се однесува до Time.мк, основачот Трајковски вели дека „бунтовните“ медиуми ќе добијат специјален третман.

25 коментари на “Time.mk егзодус: И Утрински весник, Дневник и Вест се повлекоа

    1. Завидливо македонче, едвај чекам и ти да успееш и да направиш нешто како што успеал да направи професорот Трајковски, па после и тебе вака малоумници да ти бараат сметки, колку пари си направил, и да те обвинуваат дека чим си заработил повеќе пари од нив дека мора нешто да си мучкал и со сите сили да се борат да те уништат. Ама некако мислам дека единствено за што би можел да бидеш успешен е во плукањето на оние кои се покажале поспособни од тебе. Бар времето што си го потрошил на обработката на screenshotovite да си го искористел на нешто попродуктивно, знаеш, нешто со кое би можел и ТИ да заработи, а паралелно и да им го олесниш животот на други луѓе. Како што Тиме.мк им го олеснува информирањето на неговите посетители а со тоа на некој начин и животот.

      1. Абе никола, кој си ти ? Имаш ли ти право да оценуваш и да кажуваш кој што треба да прави во животот?
        Мене ми личиш на уште еден од многуте регрутирани… Барем некој се труди да им ги отвори очите на луѓето, а таквите како тебе, со сите сили се трудат да им останат затворени (очите), пошто така треба, нели?

  1. Edno neka objasni Igor, nastrana od site pravni, legalni ili kakvi da bilo raboti za toa sto i kako moze da se ahregira ili ne moze i dali treba da plaka nekoj ili na nekoj da mu se plaka. Zosto Igor (time.mk) dava na znacenje i e tolku zagrizen sto nekoi mediumi, vesnici i portali si otisle? Neli e toa del od negovata politika? Koj saka moze da mu pise deka ne saka da bide agregiran od time.mk? I zosto ako toa mu e dozvoleno odposle da bide so “prst pokazuvan” po makedonskiot internet prostor od Igor (time.mk) deka ne saka da bide poveke del od time.mk? Mozese mnogu poeticki i pokulturno da bide samo da bidat trgnati od linkot “izvori” na time.mk i ke nemase tolkava fama. I sto e so potegot na povtorno “vrakjanje” na veke otidenite mediumi, vesnici i portali na time.mk t.e. Odenje protiv nivnoto pravo koe samiot time.mk go ima vovedeno. Ili sepak parite si go praat svoeto? Od kade da znaeme deka sega ne istoto kako prethodno no bez slika i bez ramka? Ili pak deka ne si gi prepraka samiot mejlovite so vestite? Podobro ke bese da si stois na “zborot” t.e. Pisanoto deka koj saka moze da si odi bez da gi vrakas nazad ili pak da go nemase toa napisano nikogas.

  2. Од тоа што можам да видам на Time.mk се врши агрегација на вестите од медиуми кои дозвилиле такво нешто, па имате слика, наслов и мал дел од веста, и под него има линкови со наслови од оние кои некат агрегација. Е за ова мислам дека ама баш ништо не му можат, иначе ќе испадне дека и Google треба да им плаќа :)

  3. smesni ste mi malce, mozete osmici vo pepel da crtate ili nekoja slicna pametna rabota namesto da se sitite na Igor.A mediumive se posebna prikazna se gleda kolku se samostojni i sposobni se regrutiraa do posleden . Da imavme poveke momci kako Igor dobro ke bese, ama pusto ke nemase komentari koj da ostava…

    1. Нема од што да го јаде. Се е регуларно и легално, и нема прекршено ниту еден закон. Нема од што да се плаши Игор ако ги остави, законот е на негова страна. Мада, кај нас баш и не важат законите за сите… али тоа е, јбг, Македонија!

  4. Зарем вие што го напаѓате Игор навистина мислите дека буквар.мк им плаќа по 5000 евра месечно на сите тие весници и телевизии за да може да ги користи нивните вести?

    Освестете се бе малку!

    1. A ti sto mislis deka tie mu pobarale 5000 evra zatoa sto im bile tie pari potrebni ili ednostavno se dogovorile da se povlecat, zatoa sto doticniot ocigledno go pretera malku. Mozda se dogovorile da si otvorat sopstven agregat i vlozile sredstva vo nego, pa ova im e strategija kako vlozenite pari poleka da pocnat da si gi vrakaat. Zatoa Ti osvesti se

      1. А оти ако сакаат да се повлечат не пишат дека се повлекуваат наместо да поставуваат непристојни понуди само со цел да го испровоцираат сопственикот.

        И за жал, сите забележуваат сите дека тие тие нивни „сопствени“ и останати агрегати ниту ги некој ги отвора ниту им обрнува внимание. Нешто слично како Google против Bing :)

  5. ovoj e stvarno za zalenje greota… so svoj kamen po svoja glava. Kako sto istaknav vo eden drug komentar ova e samo pouka za drugite sopstvenici agregatori kako ne treba da se raboti! Ziva sramota e tipov posebno po objavuvanje delovni informacii. Bruka!

  6. Друже Трајковски, реално загрижен си за твоите парички, па оттаму овој излив на слабост!
    Пазарна економија, суров капитализам или како сакаш наречи го, се се врти околу пари и според мене нема врска ниту со позиција ниту со опозиција туку само профитот, а во овој случај тебе ќе ти опадне па затоа си вака изреволтиран. Тоа е тоа, смисли нешто ново, big problems – big opportunities ! ;-)

      1. Прво сајтовите на дневните весници и телевизиите беа споредна работа, би рекол повеќе беа да се следи светскиот тренд (иако според мене сеуште се далеку во функционална и дизајнерска смисла), а потоа со тек на време еволуираа во сфаќањата и согледаа дека може и некое евро плус да се заработи од интернет рекламирањето, па логично си рекоа зошто time.mk да заработува од нашите вести, со оглед на фактот што тие постоеа многу пред time.mk кој подоцна несомнено им донесе многу посети. Второ тие ќе продолжат да постојат без некоја особена штета во финансиска смисла, а нивниот потег ќе оди исклучиво на штета на time.mk и интернет новинските агенции што се повелкоа, а никако на печатените и телевизиските медиуми поради тоа што сите знаеме дека главниот извор на приход се рекламите кои ги емитуваат. На сето тоа кога ќе се додаде фактот што Македонија е еден премногу мал пазар, веднаш ви станува јасна оваа беспоштедна борба за евро плус.

  7. "работам на специјален третман за бунтовниите. не е готово. ќе треба да си ги затворат сајтовите ако сакаат да ги нема на #timemk"

    Игор, нели рече дека time.mk е и ќе биде на доброволна база?
    https://twitter.com/#!/mkrobot/status/16791347401

    Не си стоиш на зборот. Исто како што не си стоеше на зборот за рамките:
    http://www.time.mk/info/blog.3

    1. доброволна база за начинот на прикажување како што беше до сега. со слика со краток текст со рамка. другата алтернатива ќе ја погледнете после полноќ.

      1. Abe druze, djabe se silis, pretas kako da si propadnal vo ziva kal. Ne ti ispadna na kraj esapot. Konecno inicijativata od Telekom koja se zagovarase pred dve godini si dojde do svoja realizacija. Tvojata alcnost i nesposobnost te dovede do vakva situacija. Sto se zamisluvas!!!! Bas me interesira sto ke bide toa posle polnok. Oseti po djebot, ocigledno boli. E i nas ne bolese ovoj period nanazad koga molevme po marketing agenciite nekoe banerce da stavat za da izvadime plata za vrabotenite, a tie ni vikaa na time.mk se site tamu ke stavime. Sea uste Anonymous izigravas – demek ti go odzele pravoto na govor i nekoj go zagrozil slobodniot protok na informacii. Kakov luzer si, zagrizen si edinstveno poradi zagrozeniot sloboden protok na paricki. I te molam povtorno ne se zakanuvaj, zatoa toa sto ke si go nadrobis toa i ke si go srkas. Pozdrav i uzivaj si vo ponatamosnoto rabotenje

      2. Времето покажа дека штом почнеш да губиш, си го менуваш ставот. Но не заборавај како заврши случајот со Google News. Водиш однапред загубена војна.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии