Неодамна објавивме дека Time.mk воведе интересна новина да агрегира Facebook настани, но сега оди еден чекор понатаму да го привлече вниманието на сите страствени Facebook корисници. Агрегаторот за вести сега ги прикажува најпопуларните Facebook постови на македонските корисници, што е слична функционалност како што прави со најпопуларните твитови.

За разлика од Twitter каде твитовите се јавни, проблемот со Facebook постовите е што поголем дел од нив се приватни меѓу група пријатели и семејствата. Затоа постои мало ограничување. Time.mk во моментов агрегира и прикажува само јавни постови на над 120 луѓе за кои мануелно побарале дозвола од сите поединечно за пристап до Facebook Graph, и кои се согласиле да бидат агрегирани, објаснува Игор Трајковски, основачот на Time.mk.

Листата на најпопуларни постови, која е поделена на неколку временски категории, во моментот е затворена. Time.mk ги одбира првите корисници, кои повеќето се познати јавни личности, но за брзо време најави дека ќе го отворат за сите. Сите македонски корисници на Facebook ќе можат да се пријават да бидат вклучени на листата, откако ќе бидат најпрво проверени дали се работи навистина за корисник од Македонија. Многумина секако ќе изостанат, бидејќи во моментов нема начин како од приватниот Facebook да се извлечат податоците и да се потврди локацијата на корисниците.

Оваа листа ќе биде одлично мерило за која партија има поголема поддршка, кој пејач има најдобра песна, или кој нарцис е поубав од другите. Fаcebook e мрежа за друштвено докажување, и нема подобар начин како да се стигне до валидација од споредувањето на лајковите и коментарите. Листата на Time.mk за најпопуларни твитови го демонстрираше ова одлично, и сега е ред на Facebook.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии