Тим Кук зборува за автономни возила и проширена реалност

Дејан Соколоски

во Свет

Оваа недела директорот на Apple, Тим Кук и беше гостин на Кара Свишер. Она што беше поинтересно е дека за прв пат претставник на Apple јавно зборуваше за паметни возила и проширена реалност.

Неофицијално и претходно имаше најави дека Apple работи на проширена реалност и автономно возило, но овие информации никогаш на дошле од претставник на компанијата. Во Apple ретко, речиси никогаш не зборуваат за технологија на која работат, пред да биде подготвена за претставување на пазарот. Проширената реалност и автономните возила беа само дел од разговорот на Тим Кук со Кара Свишер на поткастот Sway. Дел од иновациите кои ги споменаа се проширената реалност и вештачката интелигенција и предностите кои би можеле да ги донесат во иднина.

„Вие  и јас имаме одличен разговор сега. Можеби, може да биде и подобар ако ја прошириме нашата дискусија со графици и други работи кои може да се појават. Публиката ќе има придобивки од ова. Со телефоните веќе ја забележувам проширената реалност во некои сектори, без разлика дали е здравство, едуцирање, гејминг, продажба. Мислам дека има и поголеми можности во иднина“.

Еден од потенцијалните уреди кои би можеле да донесат надградба на проширена реалност се очила. За ваков уред од Apple слушаме повеќе години, а наскоро би можеле и да го видиме.

Втората интересна тема беше автономните возила и насоката во која Apple ја гледа својата иднина на пазарот.

Она што го „знаеме“ од гласините од Apple е дека компанијата работи на автономно возило или на технологија за автономија. Г. Кук донекаде го потврди ова, иако не шпекулираше кога и дали воопшто оваа технологија ќе излезе на пазарот. Она што го слушнавме е дека интерно компанијата работи на повеќе различни проекти, но најголем дел од нив не излегуваат во јавноста. Иако немаше дефинитивна потврда на прашањето дали Apple работи на автомобил или технологија, г Кук даде интересен одговор.

„Сакаме да интегрираме хардвер, софтвер и сервиси, и да пронајдеме заеднички точки за нив, бидејќи тука се случуваат волшебни работи. А тоа сакаме да го правиме. И сакаме да ја поседуваме примарната технологија“.

Дел од поткастот беа теми како одговорноста која ја имаат друштвените мрежи за ширење на дезинформациите; правото на корисниците на приватност; и спорот кој Apple го има со Epic Games.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии