Тим Кук: Дискриминацијата е опасна за бизнисите

Директорот на Apple, Тим Кук, смета дека дел од државите во САД прават опасни преседани. Станува збор за закони кои се доднесени во двесетина држави кои овозможуваат дискриминација. Едно од овие решенија е донесено во Индијана минатата недела и овозможува сопственикот на продавницата да одбие да услужи некој посетител/купувач врз основа на сопствените религиозни убедувања.

„Apple е компанија која потикнува и го збогатува животот на клиентите. Се стремиме бизнисот да биде фер и праведен. Затоа во името на Apple, се спротиставувам на сите вакви законски решенија – без разлика од каде доаѓаат“, вели Тим Кук во својата колумна за Washington Post.

Мотив за колумната е закон кој се приготвува во Тексас ќе овозможи на „државата“ да им ги прекине платите и пензиите на свештениците кои венчаваат истополови парови – дури и доколку врховниот суд го укине решението со кое се забранува венчавање на исти полови парови во Тексас, веќе има над 100 мерки кои овозможуваат дискриминација.

Г. Кук неодамна изјави јавно дека е геј, и зборуваше дека, иако во Apple нема проблем со неговата сексуална ориентација, сепак знае дека е тешко да бидеш поинаков, посебно ако постојат закони кои те спречуваат да бидеш слободен.

„Нашата порака за луѓето насекада во САД и насекаде во светот е оваа: Apple е отворен. Отворен за сите, без разлика од каде доаѓаат, како изгледаат, на кој Бог му се молат или во кого се вљубени. Без разлика што дозволуваат законите во Индијана и Арканзас, ние никогаш нема да ја толерираме дискриминацијата!

Ова не е политичко прашање! Не е ниту религиско прашање. Ова се однесува на тоа како се однесуваме со другите луѓе. За спротивставување на дискриминацијата треба храброст. Кога се во прашање животите и достоинството на толку многу луѓе, време е сите ние да бидеме храбри“.

Целата колумна на г. Кук може да ја прочитате на Washington Post.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии